Дали Непалците, Филипинците, Индијците ќе ги истиснат Македонците од хрватскиот пазар на труд?
Објавено во: Економија 19 Септември, 2023 07:30
Во Хрватска работат голем број работници од Непал, Филипини, Индија, а за работни места во оваа земја се борат и македонските граѓани. Македонските работници веќе 10 години работат во Хрватска, најчесто сезонски додека трае летната туристичка сезона.
Сепак, Милан Џинлев од агенцијата за посредување Приорити солуции за вработување не верува дека работниците од другите земји ќе ги истиснат Македонците од хрватскиот пазар на труд.
„Тешко дека работниците од другите земји ќе ги истиснат нашите работници, затоа што нашите работници им требаат на Хрватите поради јазичното подрачје, а друга работа е што Непалците, Индијците, Филипинците работат потешки работи за кои другите не се нафаќаат, како на пример да помагаат во кујна, да чистат. Јас искрено не верувам дека во иднина ќе се случи македонските работници да бидат поттиснати. Многу наши работници заминуваат без посредство на агенциите или ако отидат 5 месеци, ќе си создадат лични контакти, а потоа самите си наоѓаат работа и Хрватска има поголем дефицит на работна сила за разлика од нас, затоа што младите Хрвати заминуваат во Австрија“, рече Џинлев.
Но, други посредници велат дека приливот на евтина работна сила од други држави сепак може да ги помати сметките на македонските работници.
„Засега не е алармантно, гледаме да држиме до квалитет, но не знаеме што ќе се случува во иднина, затоа што тие работници би прифатиле да работат и за 500 евра, а наш работник не би отишол за толку малку пари. Некој газда за да заштеди, може наместо квалитет, да избере квантитет“, додаваат од друга агенција кој посредува при вработување.
Хрватските хотелиери годинава објавија дека имаат најмногу нови работници од Азија. И во соседна Србија има работници од Индија, Непал, Бангладеш, а Хрватска апсорбира илјадници странски работници на својот пазар. Според нивните изјави околу 60 отсто од работниците кои биле ангажирани кај нив лани, се вратиле и годинава, а се пофалија и дека последниве две години хотелиерите ги покачиле платите.
Сања Атанасовскаfoto freepik.com
Можеби ќе ве интересира
Добро платени работни места за луѓе кои мразат состаноци
Украинските напади и санкции го земаат својот данок – ова не се случило со Русија од 2022 година
Историски максимум: Од почетокот на годината, цената на овој метал се зголеми за 113 проценти
Што кажува банкротот на iRobot за глобалниот пазар на роботски правосмукалки?
Кои се најуспешните земји во ЕУ во однос на наплатата на ДДВ?
Најлоши во ЕУ: Оваа земја е најзависна од парите што ги праќаат иселениците
Зошто се намалува вредноста на доларот во однос на еврото?
Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност




