Дали Охрид ќе ги изгуби туристите ако го изгуби статусот од УНЕСКО?
Објавено во: Македонија 07 Јуни, 2019 06:43
Охрид е на чекор да го изгуби УНЕСКО статусот, и ова треба да го загрижи не само градот, туку и цела Македонија.
Доколку се случи Охрид да го изгуби статусот од УНЕСКО, а Македонија е препознатлива по убавините на овој град, тогаш тоа може да се одрази на туризмот. Ако Охрид го загуби статусот, тоа ќе биде силен удар на неговиот имиџ како атрактивна езерска дестинација во регионот. Од УНЕСКО имаше забелешки за урбаниот развој на градот, сообраќајот и ред други фактори, а доколку не се преземат мерки тие најавија дека градот ќе биде ставен на листата на „Светско наследство во опасност“.
„УНЕСКО како организација има свои критериуми при избор на Регион со светско наследство за зачувување и заштита на извонредна универзална вредност која ја поседува тој регион, но и обврска преку комисијата за светско наследство од организацијата постојано да го следи развојот на објектите номинирани и одобрени по меѓународна програма за светско наследство. Клучен дел од политиките за развој на туризмот на одредена дестинација водат преку ефикасно користење на ресурсите и тоа:културно историски кои ги поседува тој регион и нивно промовирање, зачувување на биолошката разновидност и превземање активности за борба против климатските промени. Секое нарушување на рамнотежата помеѓу ресурсите доведува до изместување на критериумите како за културното наследство така и за критериумите за природно наследство. Во Македонија единствено вклучено во списокот на УНЕСКО e природното и културно богатство на Охрид и Охридскиот регион. Нарушувањето на критериумите кои го довеле до овој статус градот Охрид и Охридскиот регион, град на УНЕСКО се реална закана за губење на тој статус“, вели Биљана Пејоска Ристеска, извршен директор на Стопанската комора за туризам на Македонија.
Но, за туристите најважно досега било културно – историското наследство на градот и токму затоа го посетувале.
„Ако се земе во предвид дека според сите направени истражувања во изминатите години во врска со прашањето „што најмногу ги привлекува туристите и посетителите за да го посетат градот Охрид“, одговорот е „Културното и историско наследство, природните убавини и храната. Тоа се токму оние критериуми кои ги посочува и организацијата УНЕСКО за да еден регион биде заштитен како универзална вредност. Сето тоа доведува до заклучок дека за туристичката промоција на Охрид и регионот и тоа како е важно да го има заштитниот знак на УНЕСКО. Но, ставањето на знак прашалник на статусот на град Охрид не треба да биде само грижа на градот Охрид туку и на целата држава. Македонија во светски рамки на туристичката мапа е препознатлива токму по понудата која ја има Охрид“, додава Пејоска Ристеска.
Извештајот на Комисијата за Светско наследство за Охрид ќе биде разгледан на претстојниот состанок во Баку, на кој се очекува земјава да добие нови препораки од чија реализација ќе зависи дали Охридскиот регион ќе го задржи УНЕСКО статусот во иднина.
Повеќе еколошки друштва бараа да се запре со деградација на Охрид, и власта да преземе мерки. Од Владата минатиот месец соопштија дека внимателно ќе ги разгледаат препораките, но и дека има извесно поместување.
Сања АтанасовскаМожеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




