03 Декември, 2024
0.0243

Дали, освен во млекото, отровни супстанци има и во кашкавалот и сирењето?

Објавено во: Агробизнис 24 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Скандалот со присуството на афлатоксинот м1 во дел до српските и хрватските производи, го отвори прашањето, дали е можно овој токсин да е присутен и во млечните преработки. Експертите предупредуваат дека е потребно да се направат дополнителни анализи и во млечните преработки од спорните брендови, особено ако истото млеко се употребувало при производството на другите производи. -Ако се присутни во млекото, секако дека постои опасност од присуство на афлатоксинот М1 и во неговите преработки. Сепак прашање е дали со истото млеко во кое e утврдено присуството на токсинот се произведувале и преработките. Затоа  сматам дека е потребно да се направи и нивна контрола - вели професор д-р Билјана Петановска Илиевска, од Факултетот за земјоделство и храна. Засега од надлежните институции нема најава дека ќе се вршат анализи и на млечните преработки. Во текот на денешниот ден треба да бидат познати резултатите од земените мостри од сите млека меѓу кои и македонските што се наоѓа на рафтовите, иако вчера портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев изјави дека според прелиминарните податоци сите производи кои се пуштени во промет, ги исполнуваат стандардите, но дека сепак дополнително е направена ре-проверка. Во меѓувреме хрватски Дукат заради враќање на довербата кај потрошувачите ги повлече сите трајни млека од рафтовите во маркетите. Колку често треба да се контролира безбедноста и квалитетот на млекото? Присуството на афлатоксинот М1 го затресе цел Балкан и Европа,  го вклучи алармот и кај македонските институции одговорни за контрола на  безбедноста на храната. Дали требаше да се случи ваков скандал, за македонските потрошувачи конечно јавно да видат дел од извештаите од контролите на производите, прашуваат експертите? Предупредуваат дека вакви контроли треба да се прават почесто и јавно да се изнеуваат извештаите. - Тоа треба да биде стратегија на Агенцијата за храна и ветеринасртво, не само кога ќе има вакви случаеви, и јавно да се изнесуваат извештаите за безбедноста не само на млекото туку и на останатите прехранбени производи. Точно е дека ако афлатокиснот M1 го нема во суровото млеко тогаш ќе го нема и во финалните производи, но затоа и контролите што се прават треба да бидат аргументирани, со докази односно со јавни извштаи. Досега немало во јавноста таков извештај, дури сега откако се појави афлатоксинот М1 во дел од хрватските и српските млека, се изнесоа некои податоци, вели професорката Петановска Илиевска. Додава дека се носат закони и правилници за безбедност на храна, кои застаруваат без да се имплементираат. -Исто така досега не сум видела извештај  во однос на хемиските опасности што можат да се јават во храната, како што се остатоците од пестициди, ветеринарни лекови, органските загадувачи и др. Се тврди дека јадеме безбедна храна, само врз основа на микробиолошките анализи, но хемиските опасности кои можат кај луѓето да предизвикаат хронични или акутни заболувања за жал слабо се контролираат. Во тој контекст, сметам дека нас ни се потреби повеќе независни лаборатории кои нема да работат под притисокот од државата. За жал буџетот на нашата држава што се издвојува за спроведување на ваквите контроли е премногу мал за да се направи вистинска контрола на безбедноста на храната-вели професорката Петановска Илиевска Дел од експертите пак имаа и забелешки во однос на контролите што се вршат на увозните млека на граничните премини. Лабораториски анализи на увозното млеко што влегува во земјава се прават на 50 отсто од пратките. Од Агенцијата за храна и ветеринарство велат дека тоа не треба да создава заблуда во однос на безбедноста, бидејќи секоја земја има законска обврска со Мониторинг програмата да врши лабораториски анализи на суровото млеко, врз основа на што на граничните премини млекото стигнува со сертификат за безбедност. - Таквите контроли се легитимни за млека увезени од Европската унија, но не и за земји кои не се членки на ЕУ. Од каде може да бидеме сигурни во нивните лаборатории, доказ за тоа се последните случувања со млекото кое веќе беше влезено во земјава, но за среќа само во магацините. Ние имаме добри законски акти, но лошо се реализираат-вели Борис Анакиев, пензиониран професор од Факултетот за земјоделски науки и храна. Случајот со афлатоксинот- доказ за потребата од домашното производство Афлатоксините се состојат од околу 20 слични супстанци што припаѓаат на групата дифуранокумарини,  но само 4 од нив В1, В2, Е и G2 се наоѓаат во храната. Најотровен од нив е афлатоксинот В1 кој најчесто се наоѓа во храната. Доколку се присутни во дбиточната храна преку добитокот може да се најдат и во млекото како нивни токсични метаболити. Во млекото се јавуваат хидрокси- метаболитите на афлатоксините коишто се именуваат како афлтоксин М1 и М2. Речиси 70 отсто од добиточната храна што ја јаде македонскиот добиток е од увоз, голем дел од Србија. Иако лани во српската пченка беше откриено присуството на афлатоксинот, поради што и очекувано беше да се појави во млекото, македонските институции тврдат дека онаа пченка што ја увезле од Србија е безбедна, односно нема присуство на афлатоксин над дозволените граници. Сите овие случувања отвораат еден друг аспект, важен за целокупниот македонски аграр, а пред се за здравјето на граѓаните, а тоа е важноста и потребата од сопствено производство. Со зголемувањето на домашното производство и намалувањето на увозот , ќе се намали и ризикот од случаи како овие со хрватското и српското млеко, коментираат експертите. Македонија е речиси комплетен увозник на добиточна храна, а ништо подобра не е состојбата и со млечниот бизнис, ако се има во предвид дека македонското млекопроизводство од година во година се намалува. -Последниве седум години македонскиот аграр бележи пад на речиси сите производства, особено е преполовено млекопроизводството и производството на добиточна храна. Ова ја прави Македонија зависна од увоз со што несигурноста за стратешките земјоделски производи се доведува до максимум. Чувствителни сме по две основи, странско млеко на рафтовите и намалено производство на пченка и јачмен како основни суровини за производство на добиточна храна. Зошто за овие седум години на толку милиони евра субвенции ние не го зголемивме домашното производство на пченка со што сточарите ќе имаа домашна, најсигурна па и најефтина добиточна храна. Ваквиот развоен ефект на субвенционирањето директно ќе влијае на намалување на трговскиот дефицит бидејќи од 600 милиони евра колку што се одлеваат од државата, 500 милиони евра отпаѓаат на млеко, месо, шеќер, масло за јадење и други стратешки производи кои комотно можеме да ги произведеме дома. Инаку останува апсурдот на милиони евра народни пари во земјоделството а народот да купува и конзумира увозна храна- вели Ленче Николовска, пратеник и претседател на Собраниската комисија за земјоделство шумарство и водостопанство. Лани во земјава само до Србија се увезени  близу 55.000 тони српска пченка за добиточна исхрана, а во јануари годинава 1.657 тони. Годишните потреби од пченка се околу 100.000 тони, количество кое според експертите може да се произведува на 10.000 хектари, но ако соодветно и правилно се насочат субвенциите. Ј.С 

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.