Добивај вести на Viber
Дали рестартирањето на една од поголемите месни компании е знак дека состојбата во месната индустрија се подобрува допрва ќе се анализира. Како и да е рестартирањето на Римес ќе биде добро бидејќи ќе се зголеми учеството на покриеност на домашните потреби со македонски месни производи велат бизнисмените од месната индустрија.
[button color="orange" size="big" link="http://faktor.mk/2015/01/31/mesna-industrija-rimes-ms-group-povtorno-pochnuva-so-rabota/" ]„РИМЕС МС ГРОУП“ повторно почнува со работа![/button]
Римес со месо ќе се снабдува од кланиците на Серта-компани. Како
што изјавија за Фактор, веќе се отворени месарници во Гевгелија и во Драчево, следува отворање на продавници во главниот град.
-Потеклото на свежото месо е со гарантирано потекло од фармите и кланиците на Серта Компани, компанија која е најголем извозник од Македонија на свежо јагнешко месо, во земјите на ЕУ и регионот. Редовната понуда на свежо месо со гарантирано потекло и со посебен акцент на здраствената исправност ќе ги оправда вкусовите и на најпребирливите потрошувачи. Следејќи ги желбите, сугестиите, грижата, квалитетот, 20 годишната традиција и деловноста, Римес на македонските потрошувачи да им ја нуди можноста да ги конзумираат најдобрите производи од месната идустрија по конкурентни цени, посочуваат од компанијата. Во блиска иднина се планира и воведување на органски месни производи изработени по пат на природни производни процеси, без присуство на адитиви, конзерванси и други неоргански состојки,
велат за Фактор од “РИМЕС МС ГРОУП”.
Новите сопственици најавуваат и лансирање на органски производи кои досега не биле на менито на Римес.
Цената на горивата олеснување на месната индустрија
Бизнисмените велат дека овој период единствена олеснителна околност е падот на цената на горивата, што за индустријата значи намалување на производствените трошоци. Дел од компаниите веќе ги намалија цените на месото и месните праработки
.
-Ние постојано го следиме трендот на намалување на цените на горивата. Ние ги намаливме цените на сувомеснатите производи во нашите месарници, исто и цената на свежото свинско месо кое сега е поевтино за околу 5 проценти. Една од причините за намалувањето на цените се секако намалените трошоци. Овој тренд на намалувње најверојатно ќе продолжи, но треба да се има во предвид дека во формирањето на цената на нашите производи учествуваат и други фактори, како што е цената на увозната суровина од која што ние зависиме и движењето на цената на доларот и еврото. Во секој случај како што најави гувернерот Димитар Богов дека ќе имаме стабилен курс годинава, значи би требало реално да има намалување на малопродажните цени, изјави неодамна за Фактор, Влатко Ѓоргиевски, генерален директор на МИК Свети Николе.
Минатата година пазарот со месо претрпе низа турбуленции
Минатата година на пазарот со месо се случија низа турбуленции. Во една од месните компании се појави опасната бактерија листерија, за која што до ден денес некои информации остана нерасчистени. Компанијата Римес во јуни лани стави клуч на месарниците поради неликвидно работење, но сега почнува повторно со работа. Минатата година имаше информација за вратени македонски месни производи од странски трговски партнер.
Затворањето на месарниците на Римес беше знак дека пазарот со месо не се наоѓа во добра кондиција. Дел од доверителите на Римес тогаш посочија дека фирмата се наоѓа во тешка финансиска состојба, и дека тоа е причината поради што се затворени месарниците. Бизнисмените предупредуваа дека речиси сите компании од оваа индустрија работат на работ на рентабилноста. Според стопанствениците пропаѓањето на ваквите големи компании лошо влијаат врз пазарот за месни преработки. Тие лани предупредија дека состојбата на пазарот е лоша, куповната моќ на поторшувачите е ослабната, а дополнителен удар врз домашното производство се увозните евтини месни преработки.
Дел од бизнисмените кои се занимваат со производство на месни преработки, алармираа дека голем дел од компании од овој бизнис работат неликвидено и се загалвени со кредити. Причината за тешката ситуација ја лоцираа во банките, куповната моќ и капацитетот на пазарот. Упатените во овој бизнис укажуваа дека пропаѓањето на ваквите големи компании од месната индустрија негативно би се одразило на пазарот, бидејќи ќе се појави недостиг, кој што би се пополнил со увозни месни производи, што би значело директен удар врз домашното производство.
Сегашното рестартирање на компанијата Римес треба да врз подобрување на пазарните услови, коментираат бизнисмените од месната иднустрија.
Расте увозот на месо и месни преработки
Македонските компании од индустријата за месни преработки голем дел од своите производи ги извезуваат од што држвата има девизен прилив од околу 25 милиони евра.Во земјава има околу триесеттина современи производствени капацитети за преработка на месо и производство на сувомесни производи, чии капацитети во потполност можат да ја задоволат побарувачката на домашниот пазар. Вкупниот увоз на месо и месни преработки бележи зголемување. Така според статистичките бројки ако во 2008 година увозот вредноста на увозот изнесувала близу 95 милиони евра, во 2013 –та година за увоз на месо и месни преработни се потрошени близу 128 милиони евра.Од друга страна вкупното производство на домашно месо бележи пад. Ако во 2008 година производството изнесувало 25 илјади тони, во 2013 година производството на домашно месо било нешто повеќе од 20 илјади тони.
Македонската индустрија е увозно зависна од суровина, а причината за ваквата состојба бизнисмените ја лоцираат во намалениот добиточен фонд, за што клучен фактор беше скапат добиточна храна.Поради контиунираниот пад на добиточниот фонд, Македонија со години е увозно зависна од месо за производство на месни преработки а делумно и од свежо месо. Според податоците околу 90 отсто од говедското и 50 отсто од свинското месо наменето за месни преработки доаѓа од увоз.
Ј.С
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: