Дали подметнувањето пожари треба да се казнува како терористичко дело?
Објавено во: Македонија, Анализа 07 Август, 2021 07:00
Големиот број на пожари кои ја сардисаа Македонија се дело на подметнувачи пиромани кои намерно ги предизвикуваат огнените стихии. За дел од пожарите веќе истражните органии имаат основани сомнежи дека се подменати. Едно ливе е приведено како осомничено за подметнување пожар во гостиварското село Пожаране. Станува збор за државјанин на Албанија кој нелегално престојувал во земјава.
Исто така осомничен има за подметнување на пожарот во селото Старо Нагоричане во кумановскиот регион, а две лице се осомничени за пожарот во Блаце. Огромните штети како и загрозувањето на безбедноста на граѓаните се повеќе го зголемува гневот кај јавноста. Се погласни се барањата за построги законски одредби со кои подметнување шумски пожар ќе се третира исто како тероризам.
Сликите кои ги гледаме од регионот на Пехчево, Делчево и Берово делуваат како да се случил терористички напад со оглед на пустошењето кое го предизвикаа пламените јазици. Сепак, дел од експертите сметаат дека актуелниот Кривичен Законик е доволен за гонење на сторителите кои ќе предизвикаат шумски пожари со масовни последици.
„Во Кривичниот Законик постои такво кривично дело кое опфаѓа крадење на дрвја во шума, сечење на дрвја, пироманство (палење на дрвја) и тие веќе се предвидени како кривични дела и тоа е казниво. Не сметам дека подметување на пожари треба да се третира како терористичко дело, туку треба поголемо внимание на граѓаните и нивната совест да биде поодговорна, додека државните органи да бидаат поодговорни во своето работење. Не сум за таква груба класификација имајќи ги во предвид високите горештини и температури. Ова се случуваа и во другите поголеми, поспремни и побогати земји и држави“ смета универзитетскиот професор Митасин Беќири.
Во теоријата која се бава со проучување на терористички организиции веќе е утврдена дека подметнувањето пожари може да биде еден од методите на терористичко делување, креирање на субверзивни и диверзантски акции, ослабување на безбедносните служби и парализирање на системот, како и предизвикување страв и паника кај локалното население.
Затоа експертите, сметаа дека и ако веќе станува збор за терористички акт зад кој стои организирана терористичка група тие дела ќе се процесираат пред надлежните органи според кривичните дела од КЗ кои го третираат токму тероризмот како една од највисоките форми на нанесување тешки дела против државата.
Инаку во самото дефинирање и според македонското кривично право, под терористичко загорузавање на уставниот поредок и безбедноста е опфатен методот на предизвикување пожар. Според член 313 од КЗ за ова дело е предвидена затвоска казна од најмалку десет години.
Со членот 227 се предвидени санкциите за дефинираното кривично дело „предизвикување шумски пожар“. Членот гласи дека тој што ќе предизвика шумски пожар па поради тоа ќе настапи штета од големи размери, ќе се казни со затвор најмалку осум години. Со казната од став 1 ќе се казни и тој што ќе предизвика пожар во заштитена шума, национален парк или во друга шума со специјална намена. Тој што ќе предизвика два или повеќе шумски пожари, ќе се казни со затвор најмалку десет години.
Ако делото од ставовите 1 и 2 е сторено од небрежност, сторителот ќе се казни со затвор од три до пет години.
Х.С.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија
(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип
УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“
CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино
Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец
УХМР за утре сподели „жолт хидроаларм“ - каде се можни излевања?
ТАЖЕН КРАЈ: Исчезнатот Миле Тодоров од Неготино е најден починат





