ДАЛИ ПОШТА ЈА КРАДЕ КОЈ КАКО СТИГНЕ - поранешен вработен од Центар Жупа „лапнал“ 50 илјади евра, МВР му поднесе кривична пријава
Објавено во: Македонија 27 Ноември, 2023
Има ли македонската Пошта дерман не само од долгови и од загуби, туку и лод вработени кои ја „утепаа“ од крадење.
Токму еден таков вчера заработи кривична пријава, откако ја украде Пошта за над 50 илјади евра.
„ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Е.М.(29) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Тој, во текот на 2023 година, како вработен во АД „Македонски пошти“ - подружница во Општина Центар Жупа, со искористување на својата службена положба и со пречекорување на своето службено овластување, од сметката на акционерското друштво извршил неовластено присвојување на парични средства. Со тоа, пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 3.095.358 денари (50.330 евра - н.з.)“, се вели во соопштението од Министерството за внатрешни работи.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.