Дали се исплатува замена на обичните со штедливи сијалици!?
Објавено во: Анализа 19 Јануари, 2013 18:47
Исто така праксата покажала дека декларираниот век на сијалиците од 6.000 до 8.000 часа е можен само во идеални- лабораториски услови. Дури и на кутиите честопати е наведено дека ваквата сијалица гарантирано ќе работи шест години, но (со мали букви) ако просечно работи 2,7 часа дневно.
Според истражувањата, секоја втора од вкупниот број на флуо сијалиците од реномирани производители откажува многу порано пред декларираниот број на часови на работа. Кај поевтините редовна е појавата да работат во просек од 10 дена до три месеци.
Во анализата што ја пренесува српски „Мондо“ стои следново: Ако во дневната соба класична сијалица од 100 вати ја замениме со штедлива од 25 вати (декларирана како замена за 125 вати) ќе добиеме од прилика иста светлина или малку послаба. Колку сме заштедиле струја?
Да речеме дека едно домаќинство за струја месечно троши 3.500 динари. Анализите велат дека од вкупната потрошена струја во еден дом на трошок за осветлување на просториите троши само 5 отсто, тоа во нашиот случај е 175 динари месечно, т.е. 4.200 динари за две години, колку што просечно трае штедливата сијалица купена и користена во Србија.
Ако сакаме да ставиме штедливи сијалици на пет места во станот, тоа ќе не чини околу 2.750 динари. Со тие сијалици во следните 24 месеци ќе потрошиме струја за 1.400 динари. За тоа време на тие 4.200 динари потрошени на обични сијалици мора да додадеме трошок околу 1.000 динари за 20 обични сијалици. Со обичните ќе бидеме со широки раце, иако е познат случајот дека една таква сијалица може да работи и неколку децении со повремена употреба, пишува порталот „Мондо“.
Кога се ќе се собере и одземе, заштедата е 45 динари месечно, што и не е многу, но лобирањето на производителите е големо, а профитот на штедливите сијалици е неколку пати поголем од профитот од класичните.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени
Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?





