20 Април, 2024
0.0280

Дали сите граѓански иницијативи се осудени на неуспех?

Објавено во: Анализа 10 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Досегашната пракса покажала дека граѓанските инцијативи се однапред осудени на неуспех. Тоа се случи со Законот за бранители и во 2008 ма со Законот за грб, што беше поднесен од ВМРО Народна партија. Инцијативата на “Аман“ е една од првите што се смета за целосно граѓанска инцијатива што се спроведе заради заштита на потребите на граѓаните. Од Хелсиншкиот Комитет очекуваат дека токму затоа пратениците треба да застанат во одбрана на правата на граѓаните. “Уште пред да почнеме со суштински разговори ние знаеме дека пратениците имаат веќе однапред изграден став. Не очекувам успех на инцијативата иако станува збор за целосно граѓанска инцијатива “ - вели Неда Чаловска од Хелсиншкиот Комитет. Според неа – отфрлањето на инцијативата значи замолчување епред енергетската сиромаштија во земјава. “Станува збор за енергетска сиромаштија и тоа така ќе биде се до 2015 та година додека не се случи целосна либерализација на пазарот со енергија. Државата мора да најде начи да ги субвенционира граѓаните и ова прашање мора да биде поставено на пленарна седница“ - вели Чаловска. Експертската јавност, пак, ги повикува експертите не само да ги оценуваат последиците од измените во Законот за енергетика туку и да понудат решенија што нема да бидат на штета на стандардот на граѓаните. Посочуваат дека мора да се отвори и прашањето за наплата на 33 те проценти ангажирана моќност. Додека од “Аман“ најавуваат нови потези што ќе зависат од епилогот во Собранието, сеуште нема абер од Инцијативата што беше поведена пред Уставниот Суд. Сега се чека изјаснување по член 2 од Правилникот за наплата на топлинска енергија и за граѓаните што веќе се исклучиле од системот. Дали пратениците ќе им свртат грб на граѓаните ќе се знае по завршување на целата собраниска постапка.Народните избраници од ДУИ и ДПА најавија подршка за инцијативата. Од Хелсиншкиот комитет ги повикуваат да инцираат јавна расправа за законските измени и да истрајат во намерата. Зијадин села од ДПА вели дека барањето на граѓаните е легитимно. “Оваа инцијатива е легитимна во услови кога граѓаните се се посиромашни, а буџетските пари завршуваат за непродуктивни цели. Мора да се слушне гласот на граѓаните, зошто ние ги претставуваме граѓаните. Тие потписи, за кои верувам дека не се политички туку резултат на празниот џеб, треба да ни покажат што треба да правиме. Станува збор за инцијатива што според мене не е обоена ниту по етничка ниту по политичка линија“ - вели пратеникот Села. Од граѓанската инцијатива  “Аман“ не очекуваат подршка од пратениците на владаеачката ВМРО – ДПМНЕ. По Комисијата за економски прашања, сега за инцијативата треба да изјасни законодавната комисија. АМАН најавија и иницијатива за реферндум и продолжување со протестите. Тие бараат враќање на дневната евтина тарифа и да не плаќаат за парно греење граѓаните што се исклучиле од системот. Редакција Фактор