17 Јануари, 2025
0.0923

Дали Талески од домашен притвор го кроеше ребалансот на општинскиот буџет?

Објавено во: Македонија 11 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Советниците од опозицијата во општина Битола прашаа дали градоначалникот Владимир Талески од куќен притвор го кроел ребалансот на буџетот. 

Советничката во Советот на Општна Битола од ВМРО-Народна партија, Габриела Илиевска, вчера од говорницата му порача на градоначалникот дека го чека нов притвор и дека тесна ќе му биде улицата Широка, алудирајќи на единственото појавување на битолскиот градоначалник по излегувањето од притвор, токму на асфалтирањето на оваа улица. Вели дека сè што е напишано во ребалансот нема врска со реалноста. 

„Еден капитален прокет не е направен, ниту стадион, ниту затворен базен, ниту фонтана, ниту асфалтирани улици. Талески е најголемиот срам за Битола и не можам да сфатам зошто од петни жили го браните. За жал, Битола ќе биде запаметена како град што имал само еден капитален прокет, а тоа е притворот на Талески“ – рече Илиевска.

На овие обвинувања одговорија советниците од власта.

„Храброст е, а и не е храброст, туку лудост, она што е видливо да се оспорува, да се негира или, како што народот рекол, да се прави при очи слеп. Ете, токму тоа денеска опозицијата се обидува да го направи. Резултатите се видливи“ – кажа советничката на ВМРО-ДПМНЕ, Виолета Ковачевиќ.

Советниците од опозицијата инсистираа Талески  да дојде на седница и да каже како ги трошел и како мисли да ги дотроши народните пари.

Советниците од власта се правдаа дека буџетот е развоен со зголемена ставка за капитални проекти. Игор Хаџиевски од ВМРО-ДПМНЕ вели дека стадионот ќе почне да се гради, а се обезбедувале и средства за спортските клубови. Тие политичките опоненти ги нападнаа за двојазичноста која ја споменува лидерот на СДСМ, Зоран Заев. 

Можеби ќе ве интересира

„НЕРАЗУМНОТО РАСФРЛАЊЕ НАРОДНИ ПАРИ ЗА ПАТНИ ТРОШОЦИ ПРОДОЛЖУВА“: Левица со остра реакција, еве колку пари се трошат секоја година

„НЕРАЗУМНОТО РАСФРЛАЊЕ НАРОДНИ ПАРИ ЗА ПАТНИ ТРОШОЦИ ПРОДОЛЖУВА“: Левица со остра реакција, еве колку пари се трошат секоја година

МИЛИОНСКИ СУМИ СЕ ВРАТАТ ВО ПРЕВЕНТИВНАТА МЕДИЦИНА ВО СВЕТОТ: Д-р. Митов во „Бизнис муабети“ за здравјето на работниците и развојот на бизнисот

МИЛИОНСКИ СУМИ СЕ ВРАТАТ ВО ПРЕВЕНТИВНАТА МЕДИЦИНА ВО СВЕТОТ: Д-р. Митов во „Бизнис муабети“ за здравјето на работниците и развојот на бизнисот

„Цело ВМРО-ДПМНЕ“ во еден вагон на пуштањето на новата железничка пруга

„Цело ВМРО-ДПМНЕ“ во еден вагон на пуштањето на новата железничка пруга

Прилепска болница: Починатите бебиња близнаци се најдени премрзнати

Прилепска болница: Починатите бебиња близнаци се најдени премрзнати

Мисајловски: Ќе се обидеме барањето на Трамп да го сведеме на 3 отсто од БДП

Мисајловски: Ќе се обидеме барањето на Трамп да го сведеме на 3 отсто од БДП

ПОЧИНАА БЛИЗНАЧИЊА СТАРИ САМО 20 ДЕНА: Трагедија во прилепско Славеј

ПОЧИНАА БЛИЗНАЧИЊА СТАРИ САМО 20 ДЕНА: Трагедија во прилепско Славеј

ОЈО СО ОБВИНЕНИЕ ПРОТИВ 10 ЛИЦА ЗА ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ, МЕЃУ НИВ И ПОЛИЦАЈЦИ - тројца го признале делото

ОЈО СО ОБВИНЕНИЕ ПРОТИВ 10 ЛИЦА ЗА ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ, МЕЃУ НИВ И ПОЛИЦАЈЦИ - тројца го признале делото

Тошковски објасни зошто се испишманил МВР за личните карти: Претходните не го промениле Законот

Тошковски објасни зошто се испишманил МВР за личните карти: Претходните не го промениле Законот

ВОНРЕДЕН ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР НА ДЕТСКА КЛИНИКА: Ќе се чешла случајот со починатото деветгодишно дете

ВОНРЕДЕН ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР НА ДЕТСКА КЛИНИКА: Ќе се чешла случајот со починатото деветгодишно дете