01 Декември, 2024
0.0931

Евтин театар, или правдољубива битка на Лилиќ, Ѓорчев и Јелена Жугиќ?

Објавено во: Анализа 22 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Со закани за отказ, тешки зборови и навреди  продолжува “драмата“ кај уметничката фела .  Во очекување на можен отказ поради јавно искажаниот став дека вчерашниот протест на уметниците е патетичен и  дека не ги подржува, Мери Георгиевска, костимограф во МНТ му пиша на Бранко Ѓочев, директор на Драмски Театар.

Почитуван Бранко Ѓорчев, на белиот лебед НЕ му е потребно да се мие секој ден. Ве молам немојте да го миете три пати дневно!! Сте помислиле ли е дека со тоа миење можете да го НАВРЕДИТЕ? “

Вчера, Георгиевска за “Фактор“ изјави дека има сознанија оти и подготвуваат отказ поради ваквите нејзини ставови и изјави.

“Имам сознанија дека се бара начин како да ми се врачи отказно решение поради моите денешни изјави и изнесени ставови. Не знам која е целта и не знам врз која основа ќе се обидат да ме избркаат од работа. Јас ќе кажам само дека нема статутарено основ за да ми врачат отказ. Ќе чекам да видам како ќе се одвиваат работите, ако треба ќе анагажирам и цел адвокатски тим “ – рече во телефонски разговор за Фактор.

Георгиевска останува на ставот дека вчерашните  протести на уметниците биле патетични.

Токму протестите, предводени од актуелните директори на институциите од култрата, предизвикаа лавина реакции, ја поделија јавноста, ја поделија фелата, но и отворија неколку прашања дали и овој сегмент од општеството го гризе ерозија, дали “кретивниот ум“ падна на тестот по достоинство?

Еве дел од коментарите што ги преплавија  социјалните мрежи :

 “Не можам да поверувам дека можеше некој да ги подели уметниците на ваши и наши. Зарем уметникот не треба да го ослободи својот ум за да може да креира и создаваЗгрозена сум од ова што се случувва и се плашам дека никогаш повеќе нема да сакам да влезам во тој театар и да ги гледам овие марионети. Умира уменоста со овие уметници“.

 “Да ти одобрам буџет со кој ќе плаќаш партиски реклами за да ме девалвираш и да купуваш гласови, малку е многу

На чело на протестите застанаа актуелните директори на неколку институции, кои се, инаку, видни и признати во својата фела, па за многумина беше чудно нивното појавување на протестите кои добија предзнак на политички.

  • Дејан Лилиќ, директор на Македонскиот Народен Театар
  • Бранко Ѓорчев, директор на Драмски Театар-Скопје
  •  Јелена Жугиќ, директорна на националната установа Театар комедија
  •  Маја Чанаќевиќ-Ѓуркова директорката на Македонската филхармонија
  • Зоран Џорлев, директор на Танец.

Директорот на драмски театар Ѓорчев, смета дека ако не се усвои новиот буџет, уметниците ќе бидат бедни и понижени.

Истите кои не држеа во беда, во услови кога глумците во Драмскиот театар се разболуваа од туберкулоза поради лоши услови на работа, сега во Парламентот сакаат да не добиеме пристојни плати и прекрасни објекти за работа“, изјави Ѓорчев и додаде дека доколку не биде донесен буџетот до 31 декември, подготвени се пред штабот на опозицијата да клекнат на колена и да заплачат -  не за да бидат градоначалници, туку за да бидат достоинствени.

“Без буџет – нема плата“ – рече Дејан Лилиќ, директорот на МНТ.

Уметниците како и сите граѓани заслужуваат плати и нормални услови за работа. Затоа, ние јасно се противиме на ваквиот план, кој е на директна штета на уметниците, но и на културата во нашата држава. Уметноста е молитва за Македонија и огледало на нејзината душа“ – изјави тој.

Во моментов кога сме во можност да работиме во театарски куќи, а не во монтажни бараки во периодот кога буџетот во културата е на достоинствено ниво и кога престанавме да се срамиме од своите плати и кога некој сака брутално да ни го одземе, сметам дека секој уметник, без разлика на неговата вера, нација и политичка припадност, треба да застане во одбрана на самиот себе и  на уметноста во себе“ – изјави Јелена Жугиќ, директорка на Театар-комедија.

Но, не сите уметници застанаа на иста линија. Половина час пред најавените протести, режисерката Зоја Бузалковска на својот фејсбук-профил напиша : „Половина час пред најавениот ПРОТЕСТ НА УМЕТНИЦИТЕ, сакам да ве замолам, драги колеги и пријатели, уште еднаш да размислите кого и што поддржувате излегувајќи денес на улица. Не би сакала да видам многумина од вас за кои знам дека правилно размислувате за овие теми и прашања, меѓу оние што ќе застанат во одбрана на она од кое вие се срамите. Однесувајте се внимателно и останете со јасна мисла во овие матни времиња. Тоа се очекува од вистински уметници! Сите ние сакаме да се доизгради и да биде конечно отворен Старо-новиот театар и зградата на Македонската филхармонија, па тоа е единственото од сите овие чуда и чудовишта што се појавија по скопските плоштади и улици што вреди да постои, освен зградата на Музејот на холокаустот! Зарем треба воопшто да зборуваме за тоа? Но јас мислам дека оваа битка не е за тоа. Оваа битка е уште еден бескрупулозен обид на власта да продолжи со своето расипништво на парите од граѓаните, во која уметниците ќе ѝ послужат како маша, за политиката на континуирано осиромашување на народот заради личното богатење на неколкумина. Нејзините механизми на дејствување, како и нејзиниот начин на мислење, ги видовме, т.е. ги прочитавме доцна во ноќта и самите, не мора да ги претпоставуваме. Се надевам дека овој апел ќе го сфатите правилно, зашто нема пострашно чувство од она, кога човек подоцна ќе се почувствува изманипулиран“. Сепак,  засега најмногу настрада Мери  Георгиевска, костимограф во МНТ, инаку ќерка на режисерот Љубиша Георгиевски, на која можеби и се заканува отказ. “Јас сум член на ВМРО-ДПМНЕ. Штрајкот е доброволен чин. Сметав дека не ме испровоцира доволно моменталната елита на македонската театарска сцена да ме понесе во штрајк. Културата или не е идеолошка или не е култура воопшто. Јас сум личност со интегритет, а тоа е тоа што најмногу ги погоди личностите кои ми се обратија со уцени на мојот фејсбук профил. Само можам да ги сожалам, а огорчена не сум, бидејќи горчината создава страв, а во демократско општество чуму страв?– напиша Георгиевска. Нејзинот колега Бранко Ѓорчев на овој став и возврати со “закана“ па и порача : “Не си ни свесна со кого си влегла на оро, но јас ќе ти ги демаскирам играчите, кои ти се на левата и на десната страна од орото. Тоа се истите тие што цел живот татко ти го тепаа по глава и со кои тој до ден денес бие битка. Тоа се истите луѓе кои мене ме понижуваа до крај додека беа на власт. Не заборавај како, зошто и од кого си вработена. Сигурно тоа не е затоа што си најпаметна, најубава и најталентирана“ Како уметничката фела ќе го преживее “буџетското цунами“ допрва ќе се види, но едно е јасно – политиката силно ја обои и “креативната мисла“ која треба да биде носечка во секоја демократија и се заканува со едно силно и неповторливо културно цунами, од кое тешко ќе се опорави и во наредниот период. Доајените на театарските случувања, денес сигурно би се срамеле од овој евтин театар, чиј политички шмек остава силен белег врз целото општество. Редакција Фактор

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.