05 Декември, 2025
0.0548

Дали вакцините стануваат помалку ефикасни за спречување на инфекција со ковид?

Објавено во: Свет, Корона Вирус 20 Август, 2021 15:53

Добивај вести на Viber

Порастот на вакцинираните луѓе кои се инфицираат со коронавирус, доведе до сомнеж за трајната ефикасност на вакцините  против ковид-19, пишува Фајненшл Тајмс. 

Сомнеж се јави по новите студии, вклучително и онаа што откри дека заштитата добиена од вакцината „BioNTech/Pfizer“ опадна побрзо отколку онаа од „АстраЗенека“.

Студијата на универзитетот Оксфорд објавена во четвртокот покажа дека ефикасноста на вакцината Фајзер против симптоматска инфекција речиси се преполовила по четири месеци и дека вакцинираните луѓе заразени со поинфективната варијанта делта имале исто толку вирусни оптоварувања како и невакцинираните.

Два истражувачки труда од САД и Катар, исто така, ја поттикнаа дебатата за потребата од дополнителни дози, бидејќи откриле поголем број на „пробивни инфекции“ отколку што се очекувало, иако се чини дека заштитата од сериозни случаи на вирус има.

Натали Дин, професор по биостатистика на Универзитетот Емори, рече дека ширењето на варијантата Делта направи „многу потешко“ да се запре преносот.

„Се вративме на поскромна - но сепак критична - цел: да спречиме тешки болести, хоспитализации и смртни случаи“, вели таа. 

Научниците од Оксфорд покажаа дека ефикасноста на вакцината опаѓа откако видот Делта стана доминантен во Велика Британија во мај.

 FT montage/AFP/Getty

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Тектонски промени во стриминг индустријата – Netflix еден чекор поблиску до најголемата аквизиција во историјата

Тектонски промени во стриминг индустријата – Netflix еден чекор поблиску до најголемата аквизиција во историјата

„НАТО ПОВЕЌЕ НЕМА ДА СЕ ПРОШИРУВА“ Вашингтон со порака: Европа сама да ја консолидира и финансира својата безбедност

„НАТО ПОВЕЌЕ НЕМА ДА СЕ ПРОШИРУВА“ Вашингтон со порака: Европа сама да ја консолидира и финансира својата безбедност

Падот на Cloudflare повторно ја наруши работата на многу веб-страници

Падот на Cloudflare повторно ја наруши работата на многу веб-страници

Медведев: Користењето руски замрзнати средства од ЕУ ќе се смета за повод за војна

Медведев: Користењето руски замрзнати средства од ЕУ ќе се смета за повод за војна

Четири воени дронови се упатиле кон авионот на Зеленски во Даблин?

Четири воени дронови се упатиле кон авионот на Зеленски во Даблин?

„Њујорк тајмс“ го тужи Хегсет поради репресијата на Пентагон врз медиумите

„Њујорк тајмс“ го тужи Хегсет поради репресијата на Пентагон врз медиумите

Трамп за Венецуела: Знаеме каде живеат лошите момци и ќе започнеме многу наскоро

Трамп за Венецуела: Знаеме каде живеат лошите момци и ќе започнеме многу наскоро

Украински дронови погодија цели во Чеченија, удар за Ахмат

Украински дронови погодија цели во Чеченија, удар за Ахмат

Романија, Бугарија и Ирак се соочуваат со клучни одлуки за Лукоил и роковите на САД

Романија, Бугарија и Ирак се соочуваат со клучни одлуки за Лукоил и роковите на САД