ДАЛИ ВАЊА БИЛА СТАВЕНА ВО ВРЕЌА ЗА СПИЕЊЕ ВО ПОДРУМОТ НА ЗГРАДАТА - од Обвинителството не ја потврдуваат оваа информација
Објавено во: Македонија 09 Декември, 2023
Според ТВ 24, 14-годишната Вања Ѓорчевска била врзана и ставена во вреќа за спиење во подрумот на нејзината зграда, па потоа била изнесена од зградата. За нив ова го откриле извори од истрагата.
Љупчо Палевски, кој имал имот во истиот објект, имал клуч од подрумсиките простории како и од влезната врата. Зградата е изградена од „Упа Ентерпрајз“, чиј сопственик бил Палевски, каде во минатото биле и канцелариите на самата компанија.
Преку ваквите информации се објаснува нејзиното незабележано грабнување кое се случи во непосредна близина на Градскиот парк, во чија околина има многу угостителски објекти и голема фреквенција на луѓе.
На ова од Обвинителството изјавија.„Оваа информација не е од истрагата, затоа што таков извор е само Обвинителството. Потврда за ова од Обвинителството нема, ниту официјалн, ниту неофицијлна“, изјавија од Обвинителството во врска со оваа информација.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.