05 Декември, 2025
0.1327

Дали владините мерки за болеста син јазик ќе ја ублажат штетата на сточарите?

Објавено во: Агробизнис 28 Септември, 2014 09:29

Добивај вести на Viber

Намалувањето на температурите ќе го намали и интензитетот на болеста син јазик кај добиткот. Сточарите од штипскиот регион кој важи за едно од посериозните жаришта, велат дека со заладувањето на времето болеста полека стивнува. Штетите допрва ќе се пресметуваат. Според податоците од Агенцијата за храна и ветеринарство од појавата на болеста досега заболени се околу 30.000 животни а угинати се 7.000 животни. Најголема смртност но заболување има кај овците. Деновиве Владата донесе пакет мерки за помош на сточарите. Фармерите ќе бидат ослободени од плаќање пашарина, а субвенции ќе добијат и за угинатите животни. Исто надлежните порачаа сточарите да ги исчистат објектите од ѓубре за да можат ветеринарните доктори да извршат дезинфекција, а истовремено ќе се врши и терестријална дезинфекција околу објектите и местата каде што се движи добитокот. Стручни екипи ќе ги премачкуваат грлата со течност „Репелент“, која ќе ги одбива мушичките кои се пренесувачи на болеста. Трошоците ќе ги покрие државата. На овој начин од Владата очекуваат да се намали  ширењето на болеста. Дали овој сет мерки се донесе навреме или интервенцијата е задоцнета? Колку овие мерки ќе ги ублажат штетите кои ги претрпеа сточарите ако се има во предвид, дека и оние овци кои го прележале вирусот неизвезно е дали ќе може да имаат јагниња и млеко? Дел од сточарите велат дека штетата е веќе направена, а мерките задоцнети. Единствен спас според сточарите е Владата да обезбеди обештетување за оние фармери чиј добитокот е угинат. - Можеби требаше овој пакет мерки да се донесе порано, сега штетите се огромни. Оние овци кои го прележаа вирусот нема да дадат ниту јагне ниту млеко, тие се неупотребли, само трошок за стоачарот. Со сточарите со кои контактирам штипскиот регион велат дека штетите се големи. Тој регион е најпогоден, ние што имаме овци на повисоките планински места немавме проблем. Ослободувањето од пашарина и субвенции се ништо во споредба со претрпената штета. Пашарината е 50 денари, субвенцијата е 1.000 денари по грло, со тоа не се покриваат штетите. Затоа треба да има обештетување, кое според проценките треба да изнесува минимум 100 евра по овца. Исто така бараме субвенциите да се дадат навреме, тогаш кога ни се најпотребни во јули и во август за да купиме евтина добиточна храна, а еве уште не се исплатени, вели Меџит Алити, претседател на Регионалното здружениа на одгледувачи на овци. Уште на почетокот кога се појави болеста претпоставките беа дека кога ќе се намалат темературите, што се очекуваше да се случи на крајот на овој месец, ќе се намали и животниот век на преносителот на боелста мушичките, а со тоа болеста ќе почне полека да се повлекува. Сточарите велат дека најголеми штети има во штипскиот, струмичкиот и радовишкиот регион, а болеста не ги зафати трлата на повисоките планински места. Овие мерки што ги донесе Владата ние ги баравме, ветеринарите и претходно беа на терен, вршеа дезинфекција, е сега трошоците за дезинфекција, за лекување на животните се на терет на државата. Но сметаме дека обешететување мора да има, нашето барање тоа да изнесува околу 150 евра по овца. Од министерот за земјоделство добивме уверување дека откако целосно ќе се повлече болеста и ќе се направат анализи колкави се штети, кои сточари се најпогодени, ќе се види какво ќе биде обештетување и колкаво. Сега состојбата е неизвесна оти не знаеме што ќе се случува со добитокот кој го прележал вирусот, не е само овцата, се губи млечноста, јагнето, тие овци може да останат неплодни, вели Ефтим Шаклев, претседател на Асоцијацијата на земјоделци. Откако се појави болеста сите добиточни пазари беа ставени под клуч, но сега тие полека повторно се отвораат. Годинава поради обилните дождови имаше идеална полога за развој на овие мушички , велат експертите. Во земјава последен пат овој вирус бил регистран пред 13 години. Експертите велат не може со сигурност да се трвди дека болеста нема да се појави и следната година, но тогаш животните ќе имаат веќе имунитетет и полесно ќе го прележат вирусот, освен ако не дојдат друг вид на мушички. Најголеми штети ќе претрпат сточарите, кои ќе се соочат со намаленопроизводство или  угинување на животните. Дали болеста ќе го намали извозот на јагниња? Овчарството е една од извозно оринетираните гранки. Македонското јагне е секогаш барано за велигденските празници од грчките, хрватските и италјанските увозници. Дали болеста син јазик ќе доведе до намалување на веќе намалениот број на овци, а со тоа и на извозот на јагниња? Според проценките на сточарите не би требало да има некое посериозно намалување на извозот. Подготовките за извоз ќе се почнат порано бидејќи и извозот се очекува да стартува порано од претходните години. - Не очекуваме некои драстично намалување на извозот на јагниња. Може да биде минимално, оти од сите тие јагниња што ќе се родат дел се машки дел женски, за извоз одат само машките. Може да има намалување на извозот за околу 4.000 јагниња, вели Шаклев. Засега е суште рано да се каже дали ваквата состојба ќе го намали производството на месо и млеко. Дали евентуалната намалена понуда ќе придонесе за зголемување на цената на млекото и месото на домашниот пазар? Фармерите не ја исклучуваат можноста за ценовни шокови, но велат дека нема да се случи ако побрзо болеста се стави под контрола. - Што се однесува до месото, млекото, сирењето, недостиг на месо може да се очекува и тоа на јагнешко месо, каде ќе имаме помала понуда на пазарот а и сточарите ќе сакаат да го обноват стадото и така ќе бидат во состојба да остават поголем број на женски јагниња. За млекото и сирењето нема да се појави недостиг од причина што во моментот кај овците лактацијата е при крај, а  и самата побаравучка ќе се намали поради економската состојба на граѓаните и нивната слаба платежна моќ. Додека пак преработувачите на млеко (млекарниците) имаат свои залихи на овчо сирење и кашкавали, нема да одат со зголемување на овие продукти се со цел да ги задржат своите потрошувачи (муштерии). Се на се доколку  брзу се стави ова болест под контрола не треба да се очекува пореметување и придвижување на цените на млеко и сирење кон покачување, но пак доколку ова ширење на болеста потрае подолго пред да се искорени тогаш е можно да има одредени покачувања, но од ова болеста секако најголема штета ќе имаат сточарите а што би се рекло секундарен ефект би го имал пазарот, вели Трајан Димковски од “Рурална Коалиција”. Податоците покажуваат дека во изминативе години бројот на овците, говедата и козите се намалува. Посебно е загрижувачка состојбата со овците,  од 817 илјади овци во 2009 година, лани бројката е намалена на 730 илјади овци. Околу 85 отсто од македонското јагне оди во земјите од Европската унија, односно во Италија и Грција, помали количества се продаваат во Хрватска (која станува значаен растечки пазар), Србија и Црна Гора, како и Кипар, генерално во бесцаринска квота.Девизниот прилив од извозот е од 11 до 15 милиони евра. Познавачите велат дека со искористување на природните ресурси и со зголемување на бројот на овци, девизниот прилив би достигнал и до 40 милиони евра годишно. Ј.С

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?