25 Април, 2024
0.0268

Дали во Македонија ќе биде забранет циркусот со животни?

Објавено во: Мои пари 12 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

Овој месец се очекува Собранието да го изгласа новиот Закон за заштита и благосостојба на животните, со кој Македонија ќе се вбрoи во земјите каде што циркусот со животни и законски ќе биде забранет. Според  измените и дополнувањата на  Законот за благосостојба на животните се забранува користње на животните за циркуски претстави, како и  држење, одгледување и размножување на ендемски животни наменети за користење во циркуски претстави. Ова значи дека во циркуските претстави ќе може да учествуваат само луѓе. Инаку последни држави што го забранија циркусот се Грција и Шпанија. Активистите за заштита на животните велат на овој начин ќе се заштитат животните кои за сметка на циркуските претстави се изложуваат на најразлични малтретирања. -Одамна апелиравме да се забрани циркусот во Македонија, нешто што досега го сторија огромен број европски држави. Малкумина ја знаат заднината на она што се случува пред дивите животни да излезат за да ги насмеат луѓето. Животните со месеци се држат во кафези, а слоновите со окови на нозете. Тие буквално живеат во заробеништво. Додека слонот ја изведува комичната точка, тој се скротува со електрични шокови. Сето ова беше откриено уште во 1998 во Велика Британија кога со тајно снимање беше откриено во какви мизерни услови живеат овие животни чие место им е во дивината. Тоа не смеат да го дозволат држави кои пропагираат благосостојба на животните, Мери Јордановска, член на Асоцијација на активисти за заштита на животните (ААПЖ). Освен циркусот овој закон предвидува и ред други измени и дополнувања, со кои треба да се обезбеди животните да бидат третирани на начин кој е најсоодветен за нивните потреби. Лицата кои се одговорни за животните и ја штитат нивната благосостојба да обезбедат животните да не се изложени на глад и жед, да се заштитени од неудобност и да се сместени во средина која е соодветна за нивниот вид, животните да се заштитени од болка, повреда или болест, и да не се изложени на страв и вознемиреност. Законот предвидува посебни одредби за заштита на бројлери, употреба на животните за научни цели и експерименти, одредби за методите на убивање и друго. Дел од измените во новиот Закон, се однесуваа и на посебни одредби за заштита и благосостојба на животните чувани во зоолошки градини. Така со новите измени е пропишано сместувањето на животните во живеалишта да биде во согласност со нивната природна средина и однесување, на животните да им се обезбеди можноста да се размножуваат, благосостојбата и здравствената состојба на животните во зоолошките градини да биде следена од страна на квалификувано лице со цел да се спречи болка или страдање кое може да се избегне, истоштеност, стрес или трајна повреда. Според новите правила одгледувачите на кокошки несилки се должни да ги исфрлат од употреба основните кафезни системи шест месеци пред пристапувањето на  Република Македонија во Европската Унија. Исто така одгледувалиштата во кои се држат, одгледуваат и размножуваат животни за производство на крзно треба да ги прекинат активностите во рок од две години по стапувањето на сила на овој закон. Измени во законот и за чување кучиња Измени се воведуваат и во однос на чувањето на оние кучиња кои во регистарот на АХВ се запишани како опасни по луѓето. Според новиот Закон, сопствениците на кучиња треба на влезната врата во дворот на видливо место да постават табла со која  се укажува дека имаат  куче, без разлика дали кучето или кучињата чиј е сопственик се опасни или не. Оние кои чуваат опасни кучиња треба да обезбедат услови за држење на таквото животно соодветно за расата, потребите и карактеристичното однесување, односно кучето да се чува во заграден простор или врзано, при движење кучето да биде врзано на поводник и да му се стави заштитна маска и  да биде придружено од полнолетно лице. Исто така според новите правила, кучињата кои се затекнати во организирана борба со кучиња се одземаат и привремено сместуваат во прифатилиште за бездомни кучиња или на друго соодветно место заради нивна изолација, опсервација и спроведување на потребните мерки предвидени со прописите од областа на ветеринарното здравство. Во однос на новиот закон,  Здружението Анима Мунди има бројни претставки,  нешто во што се согласни и останатите меѓународни здруженија. Дел од претставките се однесуваат на предлог да се зголемат казните за злоупотреба на кучињата, неодговорно сопствеништво и поттикнување агресија. Здруженијата бараат и да се воведе препорака за инволвирање на здруженијата за заштита на животните во третирање на проблемот со прекубројноста на бездомните кучиња. Агенцијата за храна и ветеринарство и „Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, треба да ги согледаат пропустите на досегашната законска рамка во однос на бездомните кучиња, и поучени од минатото, но и од европските тенденции, да воведат нови предлог-законски промени кои ќе ги надминат и спречат досегашните нехумани практики и ќе го ограничат во целост просторот за произволно убивање, објаснуваат од  Анима Мунди во коментарите во однос на законските измени. За секое непочитување на одредбите од законот се предвидени казни кои се движат од 100 до 12.000 евра. Највисоката казна поточно 12.000 евра е за равно лице доколку предизвикува болки, патење или повреди, сурово и нехумано се однесува кон животните и ги убива спротивно со одредбите од овој закон, поттикнува агресивност на животните против други животни, организира и одржува борби меѓу животните за какви било намени. Ј.С

Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет