18 Декември, 2025
0.0439

„Дали воздухот во Скопје во кој се уште се чувствува мирис на изгорена пластика содржи отровни и канцерогени честички?“: Кузеска од СДСМ со прашања во властите

Објавено во: Македонија 14 Септември, 2025 13:06

Добивај вести на Viber

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на денешната прес-конференција предупреди дека пожарот во Трубарево отвора многу прашања на кои институциите мора да одговорат, граѓаните мора да бидат информирани за загаденоста на воздухот и повика на одговорност за еколошката катастрофа.  

Како што кажа Кузеска, остануваат отворени прашањата за тоа колкаво количество токсичен отпад изгоре вчера, колкава беше концентрацијата на отровни, корозивни и опасни материи за здравјето на луѓето кои се шират низ воздухот.  

- Дали денеска воздухот во Скопје во кој се уште се чувствува мирис на изгорена пластика содржи отровни и канцерогени честички? Дали е целосно безбедно да се биде на отворено во одредени делови на Скопје и околината, за деца, бремени жени, возрасни, болни? - изјави Кузеска.  

Таа посочи дека ова што се случува со пожарите во Трубарево, Дрисла и Вардариште е врв на неодговорност и незаинтересираност, а клучните луѓе во државата наместо да преземат одговорност и решенија измислуваат изговори и се обидуваат својата неспособност да ја префрлат на други. 

- „Премиерот Мицкоски вели дека „воздухот во Скопје само изгледа загаден ама не е алармантен“. Стојанче Ангелов зборува за хибриден напад, како да сме во шпионски филм, а не во реална еколошка катастрофа. Панче Тошковски е целосно загубен помеѓу измислените приказни и префрлање на одговорноста на некој друг и исто како да не постои.Орце Ѓорѓиевски не гледа чад, туку „политички пожари за политички поени“. Граѓаните се гушат а не гледаат институционален одговор на оваа еколошка катастрофа“ - рече Кузеска додавајќи дека нема ниту еден институционален план, ниту една мерка, ниту едно решение.  

На прес-конференцијата Кузеска потенцираше дека целата состојба е резултат на некадарност, безобразие и криминална рамнодушност. Затоа како што кажа Кузеска, СДСМ бара итна и темелна истрага за сите овие случаи и одговорност.  

 Политичка и кривична одговорност за сите што го прекршиле законот но и за оние од институциите кои не постапиле навреме а имале обврска да го сторат тоа. Одговорност за овој екоцид мора да има. Наместо држава, имаме шатор на циркузантска влада која прави шоу додека горат депонии и фабрики - изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје