Дали за Грците договорот од Преспа е жив?
Објавено во: Македонија, Балкан 05 Октомври, 2018 14:19
Портпаролот на грчката Влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос во интервју за грчкото радио „Њуз247” вели дека Договорот од Преспа е жив.
Според него, и двете страни, се решени да се борат за договорот да стапи во сила. Вели дека ќе биде штета ако оваа шанса се испушти.
Како што јави МИА од Атина, Ѕанакопулос го повтори ставот на грчкото МНР дека резултатот од референдумот е контрадикторен, но додаде дека „ако не греши референдумот имаше поголема излезност од на пример излезноста на претседателските избори”.
„Ние тесно ги следиме случувањата, ја поддржуваме иницијативата на господинот Заев, го поддржуваме обидот да го промени Уставот за да може и грчката Влада да го ратификува договорот за да стапи во сила“- вели портпаролот на грчката Влада.
За позициите на владиниот коалициски партнер, Панос Каменос, Ѕанакопулос објасни дека не постои причина за загриженост за иднината на Владата.
За информациите дека Нова демократија, можеби повторно ќе достави иницијатива за гласање недоверба на Владата поради договорот од Преспа, Ѕанакопулос кажа дека со сигурност може да каже дека и таа иницијатива, опозициската партија „ќе ја загуби, како што ја загуби во јуни”.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




