02 Мај, 2024
0.0258

Дали завршија прекројувањата на границите на Балканот?

Објавено во: Анализа 15 Април, 2013

Добивај вести на Viber

Тектонски глобални поместувања на Балканот нема да се случат, особено кога станува збор за ново прекројување на границите, сметаат аналитичарите кои ги консултираше Фактор. Српскит премиер Ивица Дачиќ неодамна отворено призна дека Србија и Косово не смеат да разменат територии, оти Американците сметале дека тоа ќе предизвика нова војна и делби во Македонија. Не постојат сценарија за менување на границите на Балканот, но отворените прашања на Македонија со Грција и на Србија со Косово е неопходно да се затворат, за земјите да фатат приклучок на европската агенда. „Не верувам дека ќе има некакви глобални поместувања на Балканот ако под ова се подразбира менување на граници. Мислам дека кај „големите играчи“ не само што нема такви сценарија, туку мислам дека би спречиле било какви обиди во тој правец. Според мене, актуелниот албански премиер Сали Бериша кој во последно време стана „славен“ со своите големо-албански идеи ќе биде првата жртва (на следните парламентарни избори во Албанија). Затоа, навистина не верувам дека на балканот ќе има некакви големи односно глобални поместувања, но ако оние отворени проблеми (на Македонија со Грција и на Србија со Косово) останат нерешени тогаш на регионот ќе му се случи целосно замрзнување на проблемите и целосна изолација. А тоа отвора можност внатре самите меѓусебе да се „изедеме“, секако кажано фигуративно“, вели за Фактор долгогодишниот новинар и аналитичар Тодор Пендаров. Никој од клучните играчи во светот не размислува за прекројување на границите „Глобалните поместувања на Балканот завршија со Дејтон и подоцна, во нешто помал степен со Рамковниот договор. Ниту еден од крупните западни играчи, ниту пак некој од релевантните тинк-тенкови на таа страна на светот не предвидува нови поместувања на Балканот преку модификација на границите. Добро е што ниту регионалните елити не размислуваат во таа насока, освен поединци во Белград и Бања Лука, но, таквите иницијативи никој не ги третира сериозно затоа што се задоцнети барем 20 години“, вели за Фактор универзитетскиот професор Стево Пендаровски. Дачиќ: Ако Србија и Косово разменат територии во Македонија ќе има војна Српскиот премиер Ивица Дачиќ, минатата недела потенцираше дека Приштина и Белград многу лесно можеле да се согласат за размена на територии, што би значело размена на северниот дел на Косово со Прешевската Долина (јужниот дел на Србија), која е населена главно со Албанци. „Но, вакво нешто не би било прифатливо за Вашингтон. Таму сметаат дека тоа би предизвикало нова војна во Македонија“, изјавил Дачиќ во интервју за "Франкфуртер алгемајне цајтунг“. Србија не посакува една мала српска држава во Косово, како што е Република Српска во Босна и Херцеговина, туку сака на Србите да им се овозможи„да се обединат во регионот, што ќе беше поука за другите во Косово, што е и за Европа, истакнал Дачиќ. Горливите балкански прашања во финална фаза Утре и задутре високата претставничка на ЕУ, Кетрин Ештон доаѓа во Белград, но и во Скопје. Повеќе од сигурно е дека се стеснува обрачот околу четирите балкански земји кои имат децениски односно дводецениски нерешени прашања. Влегуваат ли Македонија и Грција од една и Србија и Косово од друга страна во финална фаза. Дали се заокружуваат горливите и веројатно последните балкански проблеми, останува да се види. Редакција Фактор

Можеби ќе ве интересира

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад