Добивај вести на Viber
На јавен оглас се бара нов директор на јавното претпријатие Македонски шуми. Меѓу пропишаните услови стои дека кандидатите треба да имаат работно искуство од пет години и да имаат завршено високо образование од областа на шумарството, правото или економијата.
Се бара кандидатот да има пет години работно искуство на раководно место, и да поседува менаџерски способности. Но, ако се земе предвид дека сите кандидати имаат само пет работни дена да се пријават на конкурсот а треба да достави и план и програма за работа на јавното претпријатие во наредните четири години, станува јасно дека се работи на формален оглас.
Актуелниот директор
Жарко Караџоски вели дека станува збор за редовна процедура, бидејќи него му истекува четиригодишниот мандат. Тој очекува повторно да биде реизбран.
„Станува збор за регуларна процедура затоа што не ми се продолжува автоматски мандатот туку мора по закон да се објави јавен конкурс. Значи секој ќе може да се пријави, но очекувам повторно да бидам избран“, вели Караџоски.
Јавни претпријатија по мерки на државата
Сепак, досегашната пракса покажала дека за изборот на директорите на јавните претпријатија одлучува Владата и партиската припадност, иако тие со години тонат во долгови, се гушат во превработеност и партизираност. За тоа дека ретко кои јавни претпријатија имаат одговорен професионален менаџмент покажуваат и извештаите на Државниот завод за ревизија, кои континуирано објавуваат неправилности и незаконитости во работењето на директорите.
Според постоечката законска рамка, финансиското работење на јавните претријатија всушност е на исто рамниште со трговските друштва, затоа што директорите треба да сносат целосна одговорност за начинот на работење, состојба која досега не се случила. Напротив, пред три години, за натрупаните долгови на јавните претпријатија кои достигнуваа и до 50 милиони евра, се донесе Закон со кој им се овозможи одложено плаќање на долговите со грејс период и без камата.
Експертите сметаат дека за успешно функционирање на јавните претпријатија треба политичка волја, односно да се примени принципот на јавно- приватно партнерство или концесии со што дел од државните овластувања ќе се делегираат на приватниот сектор.
С.Н.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.