21 Мај, 2024
0.0303

Дали знаете во што е Тајната на азиската убавина?

Објавено во: Стил 03 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Конзумирање на зелен чај, ѓумбир, ориз, бамбус, соја и печурки е многу популарно во азиската кујна. Азиските девојки ја должат убавината токму на овие хранливи состојки.

Ѓумбирот се бори успешно со високото ниво на холестерол, го нормализира снабдувањето со крв и ја подобрува меморијата.

Зелениот чај е ненадминлив антиоксидант. Пијалокот има посебна почит во азиските земји. Тој е присутен во секојдневното мени, во козметичките производи, се користи при лекување и превенција на голем број болести. Се грижи за добриот изглед на кожата, штити од различни кожни воспаленија и е особено корисен при изгореници.

Бамбусот е идеално средство за лекување и ублажување на симптомите на астма и треска. Ја штити кожата од предвремено стареење.

Азиските девојки сакаат да го чистат лицето со оризови трици. Тие ги отстрануваат мртвите клетки, го освежуваат тенот и ги зголемуваат заштитните својства на организмот. Оризот е антиоксидант кој содржи и есенцијални масни киселини, како и фитинова киселина.

Сојата е богата со протеини.

Според истражувањата таа штити од рак на кожата. Печурките исто така штитат од рак, го зајакнуваат имунолошкиот систем и го заздравуваат организмот.

Можеби ќе ве интересира

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“