ДАЛМАТИНЕЦ И СЛАВОНЦИ ВО РЕДОВИТЕ НА АЗОВСКАТА ЕДИНИЦА: Во челичаната Азовстал немаме веќе ниту муниција, ниту храна-молиме за извлекување
Објавено во: Балкан 21 Април, 2022 12:18
Уште отприлика
2.000 украински борци
остануваат во тунелите на фабриката за челик во Азовстал, потврди руската страна.
Според хрватските медиуми, меѓу нив е и нивниот државјанин од Далмација. Како што наведуваат, тој се јавил пред три дена и изјавил дека не е единствениот Хрват кој бил во таа фабрика во Мариупол.
Изјавил и дека останале на минимум муниција и дека им ја крадат на загинатите Руси за да можат да ја продолжат борбата.
-Оттогаш не слушнав ниту збор од нив, се плашам од сценариото Овчара“, вели поранешниот воен специјалец за Слободна Далмација.
Тој откри дека најмалку четворица Хрвати се бореле заедно со украинските војници и странските платеници во опколената фабрика за челик Азовстал во Мариупол. Еден Далматинец и тројца Славонци се борат на страната на единицата Азов.
„Тони и Славонците се во Мариупол, се плашам дека нема да помине добро бидејќи Чеченците под водство на Кадиров се подготвени да удрат силно, како и оние од воената разузнавачка служба на Руската Федерација. Тони вели дека има многу цивили во тунелите и нема храна, нема вода, а нема потреба да се зборува за муниција“, објасни поранешниот војник.
Видео-порака од војникот Серхи Волин, командант на украинските маринци во Азовстал, која беше објавена вчера вели дека е можно да им преостануваат „само денови или часови“.
„Ова е нашиот апел до светот. Ова е можеби нашиот последен апел. Можеби ни остануваат последните денови или часови. Непријателските сили се десет пати побројни од нашите. Тие доминираат во воздухот, муницијата и по бројноста на војници... Гимолиме светските водачи да ни помогнат. Ве молиме применете ја за нас процедурата за „извлекување“ и одведете не на територијата на ’трета земја’, рече тој.
ФОТО: EPA/SERGEI ILNITSKYМожеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии




