16 Декември, 2025
0.0586

Данела Арсовска ги повика скопјани да го отфрлат предлогот

Објавено во: Македонија 02 Јули, 2022 14:37

Добивај вести на Viber

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, ги повика скопјани да не го прифаќаат францускиот предлог, како отстапка, како што вели таа за македонскиот јазик, идентитетот и достоинството. Според градоначалничката, ќе се изгубиме себе си по пат кон ЕУ.
„Скопје е град на слободата, солидарноста, соживотот и дал бројни жртви за новите генерации да живеат достоинствено во слободна Македонија.

Македонија има направено премногу компромиси да биде дел од семејството на ЕУ, таму каде што ѝ е местото.

Досега премногу отстапки се направени за да отпочнеме процес составен од 35 поглавја и уште толку препреки за приклучок кон ЕУ. Премногу често некој носи одлуки за иднината и одлучува за судбината на македонскиот народ спротивно на неговите интереси.

Затоа за македонскиот јазик, за идентитетот и за достоинството на македонскиот народ никогаш и под ниту еден услов не смее да се преговара.

Достоинството нема цена, а ако цената е по патот кон ЕУ е да се изгубиме себеси, губејќи сè врз што се темели Македонија како независна држава, тогаш таа цена е превисока.

Не може. Доста е“, пишува Арсовска.
Таа додава дека на Македонија и се наметнуваат услови, надвор од копенхагеншките, кои досега не важеле за никој друг

„Овој преседан ќе значи поинакви услови за отпочнување преговори од оние кои другите земји на ЕУ ги имале досега, што е спротивно на вредностите како еднаквост, владеење на правото, демократија, почит на човечкото достоинство и човечките права, врз кои се темели Европската Унија.

Македонија заслужува без уцени да пристапи кон преговори со ЕУ, под исти услови како сите останати држави и достоинствено да се движи на пат кон имплементација на реформите за подобра иднина!

Ништо друго освен истите услови под кои другите држави пред нас отпочнале преговори, не треба да се прифати, никакви отстапки повеќе не смее да се дозволат и во овој момент сите треба да бидеме обединети и да кажеме НЕ за овој недоличен предлог“, тврди Арсовска.


Можеби ќе ве интересира

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

ИСКОПУВАЛЕ КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО, ЗАВРШИЈА ЗАД РЕШЕТКИ: МВР најде метални детектори и кутија со 43 златни и сребрени монети

ИСКОПУВАЛЕ КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО, ЗАВРШИЈА ЗАД РЕШЕТКИ: МВР најде метални детектори и кутија со 43 златни и сребрени монети

Интервју со Д-р Слободан Лазаревски: Она што ми се случи можеби беше божји знак за повторно откривање на малите нешта

Интервју со Д-р Слободан Лазаревски: Она што ми се случи можеби беше божји знак за повторно откривање на малите нешта

ПАК ЌЕ БИДЕ ГЛАСНО, АМА БАРЕМ ЌЕ ЗНАЕМЕ КОЛКУ: Поставени се сите 30 уреди за мерење бучава во Центар

ПАК ЌЕ БИДЕ ГЛАСНО, АМА БАРЕМ ЌЕ ЗНАЕМЕ КОЛКУ: Поставени се сите 30 уреди за мерење бучава во Центар