18 Декември, 2025
0.0626

Данела Арсовска упадна на пресот на разрешениот директор Перински

Објавено во: Македонија 12 Септември, 2022 15:25

Добивај вести на Viber

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска му упадна на прес конференцијата на разрешениот директор на Водовод, Златко Перински. 

Таа рече дека дошла да види во кое својство разрешениот Перински држи прес во службените простории кога веќе не е директор.

Перински ја покани градоначалничката да присуствува на прес-конференцијата, на која ги отфли како паушални и неосновани сите нејзини обвинувања. Причина за раздорот е проектот за пречистителна станица на Водовод со европски средства во вредност од околу 136 милиони евра.

Таа истакна дека постапката ќе продолжи, ќе има нов директор на Водовод и во никој случај нема да дозволи злоупотреби, нетранспарентност, а градот или граѓаните да бидат оштетени. Градоначалничката рече дека во ниту еден момент не била информирана за постпаките кои ги превземало претпријатието.

„Јас не знам која е другата фирма, ниту за нешто во овој процес сум информирана. Сè што знам е дека Град Скопје е држен во темница“, рече Арсовска.

Перински вели дека има зголемена наплата, приходи,  зголемено изведување на мрежи во сопствена режија, намалување на вредноста на јавните набавки. 

Некаде околу 10 часот денес добив известување од градот дека сум разрешен од позицијата прв човек на Водовод со образложение дека наводно сум влијаел на процесот при одлучување за изградба на Пречистителната станица. Имено на крајот на јули добив допис од градоначалничката Арсовска која бара од мене промена на членовите на евалуационата комисија за изградба на пречистителната станица. Немаше никакво образложение за ваквата постапка, а причините поради кои ова го бара треба самата Арсовска да ги објасни. Јас за ова ја известив Европската Инвестициска Банка која е банка лидер и која е кредитор на самиот проект тежок 160 милиони евра за ваквиот чекор и побарав мислење за ваквото барање. Европската Инвестициска Банка одговори за ваквото барање на Арсовска негативно. Значи она што го бараше градоначалничката не е одобрено од банката лидер. Јас не можам да си дозволам незаконито работење по ниту една цена и било кога. Ниту пак ќе подлегнам на притисоците. Затоа она што јас го следам е единствено законот и мислењето на релевантните институции. Го известив Градот и ја известив градоначалничката за одлуката на ЕИБ. Ваквата одлука на Арсовска за мое разрешување доаѓа на денот кога комисијата треба да ги отвори понудите. Почитувањето на законот никогаш не е самоволие како што тоа го пишува Арсовска во соопштението на Градот. Туку единствена обврска. И да не ме разрешеше, јас бев подготвен да си заминам доколку цената е да го прекршам законот, како што таа бараше од мене со разрешување на членовите од комисијата“, рече Перински. 

Вели дека проект за пречистителна станица тоа е на Владата, Водовод и со кредити од Европската Инвестициска Банка и Европската Банка за обнова и развој. 

Перински е разрешен во петокот на 09.09.2022 година.

Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешната прес-конференција го потврди раздорот меѓу најголемата опозициска партија и градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. Мицкоски рече дека во животот не секогаш се исполнуваат очекувањата.

Можеби ќе ве интересира

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми