13 Декември, 2025
0.0509

Даночна тајна е како УЈП го наплатува данокот од најголемиот должник ТЕ-ТО

Објавено во: Економија 01 Ноември, 2019 07:19

Добивај вести на Viber

Должат милиони за даноци и придонеси, но не се знае како државата се обидува да им ги наплати парите на фирмите и граѓаните кои не плаќаат. Управата за јавни приходи како даночна тајна ги третира активностите што ги превзема кон фирмите должници. Оттаму не откриваат со кои конкретни мерки се обиделе да ги наплатат парите од моментно најголемиот должник во државата – гасната централа ТЕ-ТО. Фирмата против која се поднесени кривични пријави од финансиската полиција до Јавното обвинителство за лажен стечај и дејства со кои се испрани пари моментно на УЈП и должи 998 милиони денари и е прва компанија на листата должници.

Фактор праша како ќе и се наплатат парите со оглед на тоа што за фирмата има и истрага и пријави и што конкретно сега се планира, но од УЈП велат дека тоа е тајна.

„Согласно член 9 од Законот за даночна постапка, бараните информации и податоци чиешто доставување може да има штетни последици и може да претставува повреда на доверливоста на постапката, не се предмет на комуникација со јавноста и имаат третман на даночна тајна, освен објавените податоци  на веб страницата на Управата за јавни приходи во Листа на должници на доспеани и неплатени долгови по основ на данок на додадена вредност, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување како и акцизи и царини, стои во одговорот од УЈП.

На листата на УЈП ТЕ-ТО не е единствен должник, туку има околу 2.000 фирми и уште 2.500 граѓани. Сите тие должат над десет милијарди денари. Сепак повеќето се долгогодишни должници, а некои од нив се и пропаднати фирми и фирми во стечај.

За моментно најголемиот должник ТЕ-ТО, во јуни годинава Управата за Финансиска полиција поднесе пријави за сомнеж за лажен стечај, злупотреба на службена положба и овластување, но и перење пари во Македонија од трансакции за кои во Русија се водат истраги за криминал. Сомнежите се дека станува збор за испрани над седум милијарди денари или над 100 милиони евра. 

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји

Азески во работна посета со раководството на Филип Морис во Скопје

Азески во работна посета со раководството на Филип Морис во Скопје

„ЛЕГЕНДАРНИОТ 'ШПАНЕЦ' СЕ ВРАЌА НА ГОЛЕМА ВРАТА - СЕГА Е МОДЕРНИЗИРАН СО НОВ ДИЗАЈН“: Коруновски објави видео од тест возењето на легендарниот воз

„ЛЕГЕНДАРНИОТ 'ШПАНЕЦ' СЕ ВРАЌА НА ГОЛЕМА ВРАТА - СЕГА Е МОДЕРНИЗИРАН СО НОВ ДИЗАЈН“: Коруновски објави видео од тест возењето на легендарниот воз

(ВИДЕО) СЕ ВРАЌА НА ШИНИТЕ: МЖ Транспорт го претстави целосно обновениот „Шпанец“

(ВИДЕО) СЕ ВРАЌА НА ШИНИТЕ: МЖ Транспорт го претстави целосно обновениот „Шпанец“

Која е најнапредната економија во светот за 2025 година?

Која е најнапредната економија во светот за 2025 година?

Венецуела тврди дека Трамп ја сака нејзината нафта - дали тоа навистина е целта на САД?

Венецуела тврди дека Трамп ја сака нејзината нафта - дали тоа навистина е целта на САД?