Даночници од УЈП го оштетиле буџетот за речиси 8.5 милиони денари
Објавено во: Македонија 30 Октомври, 2016
СВР Скопје поднесе кривични пријави за злоупотреба на службената должност против Е.Ј.Д (53), Д.Ѓ. (63), О.Н. (57), С.П. (57), М.Д. (58), сите од Скопје, и Ј.К. (40) од Свети Николе кои, како вработени во Управата за јавни приходи на раководни функции, ја злоупотребиле службената положба и дозволиле оштета на буџетот речиси 8.5 милиони денари, соопшти МВР.
Според МВР, иако знаеле дека даночното побарување за даночен долг во вкупен износ од 90.752.102 денари од даночниот должник „ИПП ЛЕПА ДООЕЛ“ Скопје по основ на Данок на добивка, Данок на додадена вредност и Персонален данок од доход и по други основи е доспеано врз основа на издадени решенија за задолжување, пријавените, со искористување на својата службена положба и со неизвршување на службената должност, свесно го попречиле, пролонгирале и оневозможиле спроведувањето на постапката за присилна наплата на доспеаниот даночен долг од даночниот должник.
Сите пријавени, секој во својата област на постапување, не презеле активности за обезбедување на даночното побарување со воспоставување на залог, односно со запишување на заложно право во регистарот на заложни права со што на одговорното лице на „ИПП ЛЕПА ДООЕЛ“ му овозможиле во временскиот период од околу три години да го искористи за пренесување на дел од своите побарувања во вкупен износ од 5.084.059 денари на фирмата „ЗБ ИПП ДООЕЛ“ Скопје. Оваа фирма, во која основач е нејзиниот сопруг , а управител е нејзината ќерка, со склучување на договори за цесии и