13 Февруари, 2025
0.0270

Даночните олеснувања и развојот на Животното осигурување!

Објавено во: Мои пари 08 Јули, 2024

Добивај вести на Viber

Растечкиот интерес за полисите за животно осигурување во нашата земја покажува дека свеста за оваа проблематика е во пораст, а луѓето стануваат се’ поодговорни за нивното здравје во иднина, но и за финансиската иднина на најблиските. Животното осигурување постои токму за тоа: да обезбеди финансиска поддршка за луѓето кои ги сакаме, во случај нешто лошо или непредвидено да ви се случи вам.  Бројот на осигуреници и на активни договори постојано расте и се добива впечаток дека просечниот Македонец ја сфаќа вредноста на заштита на својот живот и чувството на безбедност која полисата за осигурување им ја дава на неговите најблиски. Трендот е позитивен, но осигурувањето на живот во Македонија се уште е во развојна фаза.

Според густината на премијата за осигурување на живот, Македонија е на последното место од земјите во поранешна Југославија со околу 22 евра премија за осигурување на животпо жител, додека останатите држави од регионот имаат значително повисока густина на премија (во Босна и Херцеговина висината на премијата се движи околу 32 евра, Србија има околу 35 евра, Црна Гора има 36 евра премија, додека Хрватска и Словенија имаат значително повисок износ на премија по жител од останатите држави со 102 и 384 евра соодветно).

Слични се споредбите и според параметарот на пенетрација на осигурувањето на живот во вкупниот бруто домашен производ. Со учество од 0,3% во вкупниот БДП, осигурувањето на живот во Македонија е на последно место, споредено со останатите земји на поранешна Југославија – во Босна и Херцеговина премијата за осигурување на живот во БДП учествува со 0,4%, во Србија премијата има учество од 0,5%, во Хрватска учеството изнесува 0,7%, додека во Словенија премијата за осигурување на живот учествува со 1,6% во БДП на државата.

Од изнесените компарации очигледно произлегува дека за достигнување на наведените нивоа и понатамошен севкупен развој на осигурувањето на живот неопходни се, меѓу другото,  даночните олеснувања на договорите за осигурување на живот, слично како и во останатите европски држави во почетните фази на развој на осигурување на живот. Даночното ослободување во прв ред треба да се однесува на можноста премиите за осигурување на живот да бидат ослободени од оданочување со данокот на личен доход во момент на уплата од страна на правно лице за своите вработени, како и ослободување на позитивната разлика меѓу осигурената сума и уплатените премии од оданочувањето со овој данок.

Според осигурителните компании, со преземање на мерки во смисла на даночни олеснувања за платената премија за осигурување на живот, може да се зголеми растот на пазарот за осигурување на живот и до 2 процентни поени, што би претставувало зголемување на премијата и до 1 милион евра на годишно ниво, средства кои потоа ќе се инвестираат главно во финансиски инструменти издадени од страна на Државата, со што дополнително ќе се развива и пазарот на капитал во Македонија. 

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

„Заборави го паричникот, плати со Google Pay“ - ПроКредит Банка ја лансираше најновата услуга за брзо, безбедно и лесно плаќање

„Заборави го паричникот, плати со Google Pay“ - ПроКредит Банка ја лансираше најновата услуга за брзо, безбедно и лесно плаќање

„Неочекувано“ од Ана Мовска е роман со длабока хуманистичка порака за здружувањето заради постигнување повисока цел

„Неочекувано“ од Ана Мовска е роман со длабока хуманистичка порака за здружувањето заради постигнување повисока цел

Со „PayByLink“ онлајн сервисот на НЛБ Банка, е-трговиjата станува достапна за секој трговец

Со „PayByLink“ онлајн сервисот на НЛБ Банка, е-трговиjата станува достапна за секој трговец

Д-р Емил Угриновски го прослави роденденот со гламурозна забава

Д-р Емил Угриновски го прослави роденденот со гламурозна забава

Женското здравје и здравиот начин на исхрана - Хармонија што започнува одвнатре

Женското здравје и здравиот начин на исхрана - Хармонија што започнува одвнатре

„Се викам храброст“ е книга којашто ќе ги инспирира новите генерации

„Се викам храброст“ е книга којашто ќе ги инспирира новите генерации

Design Thinking: Креативниот пристап што ги менува правилата на играта за младите претприемачи

Design Thinking: Креативниот пристап што ги менува правилата на играта за младите претприемачи

Со зголемување на платите за 10 отсто дм дрогерие маркт уште еднаш ја потврди посветеноста кон грижата за своите вработени!

Со зголемување на платите за 10 отсто дм дрогерие маркт уште еднаш ја потврди посветеноста кон грижата за своите вработени!

Дајмонд мол организира Саем на виното и чоколадото по повод празникот на љубовта и виното

Дајмонд мол организира Саем на виното и чоколадото по повод празникот на љубовта и виното