Даночните пријави од денеска само по електронски пат!
Објавено во: Економија 01 Јули, 2013 11:48
Над 12 илјади правни лица и самостојни вршители на дејност од денеска ќе го користат новиот систем на електронски услуги на Управата за јавни приходи.
Доколку фирмите не се прилагодат на системот е-Даноци, предупредуваат од УЈП, истите нема да можат навреме да ја поднесат електронската ДДВ пријава, за што е предвидена глоба до 3.500 евра.
Првите електронски пријави треба да ги достават најдоцна до 25 јули, кога е законскиот рок за поднесување на ДДВ пријавата, врз основа на која се пријавува и плаќа данокот на додадена вредност.
Со новините во даночното работење, досегашниот начин на поднесување на хартиените даночни пријави на шалтерите на УЈП, се заменува со нов електронски начин на комуникација со УЈП кој овозможува 24 часовно поднесување пријави, 7 дена во неделата.
За успешна регистрација и користење на е-даноците, фирмите треба да имаат дигитален сертификат, интернет-конекција и валидна е-пошта.
Можеби ќе ве интересира
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа
Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?
Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?
Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка
Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца
Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје
„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега




