Данок од 778 милиони евра бара Данска од „Мајкрософт“
Објавено во: Свет 04 Март, 2013 12:58
Данските власти побараа од компанијата „Мајкрософт“ да плати данок од 5,8 милијарди круни 778 милиони евра.
- Мајкрософт и должи на државата вкупно 5,8 милијарди круни, објави денеска данскиот јавен сервис ДР.
Данските даночни власти се во преговори со американските колеги и со компанијата за да ја повратат големата сума пари.
Ненаплатените даноци се поврзани со данската групација „Навижин“ што беше преземена од „Мајкрософт“ преку филијала во Ирска.
Данските даночни власти тврдат дека американската компанија не платила соодветна сума за преземање на компанијата, а потоа активите ги префрлила во Ирска, која има помали даноци.
Можеби ќе ве интересира
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина




