20 Декември, 2025
0.0686

Дарио Ивановски со поддршка од „Макпетрол“ ќе се бори за учество на најелитните натпреварувања

Објавено во: Мои пари 11 Април, 2023 11:33

Добивај вести на Viber

Атлетичарот Дарио Ивановски, олимписки стипендист на Македонскиот олимписки комитет за настап на следните летни Олимписки игри во Париз, во борбата за остварување врвни резултати ќе има поддршка од „Макпетрол“. Компанијата, која што општествената одговорност и подобрувањето на условите за живот во заедницата ги има како свои приоритети, на 25-годишниот македонски шампион ќе му овозможи полесно да остварува резултати на најелитните натпреварувања.

- Атлетиката е мојата страст, инспирација и едноставно, начин на којшто се обидувам секојдневно да се подобрувам, но и да оставам печат на спортски план во име на Македонија. Се работи за спорт којшто бара голема дисциплина, макотрпна работа и долгорочна посветеност. Токму истите вредности ги делиме со „Макпетрол“ и верувам дека со нивна поддршка ќе имам уште поголеми достигнувања - изјави Ивановски за соработката со домашната компанија.


Меѓу најзначајните активности во календарот на македонскиот атлетичар е маратонот во Белград (дисциплина полумаратон) и уште една ваква голема трка. На овие натпреварувања Ивановски ќе се обиде да оствари врвен резултат што за него ќе биде виза за светското првенство во Будимпешта во август годинава, како и за „ЛОИ 2024“. Сите овие учества ќе бидат поддржани од „Макпетрол“.

- Дарио е извонреден спортист, врвен атлетичар којшто досега оствари одлични резултати, но пред себе има уште посветла иднина. Нашата цел, која што ја следиме секогаш кога даваме поддршка на индивидуалци, клубови или општо на заедницата, е тој пат, којшто бара многу лични откажувања и вложувања, да биде полесен. Се надеваме дека како резултат на соработката, Ивановски ќе може целата своја енергија да ја посвети на подготовките и на тој начин да дојде до што поголеми достигнувања - истакнуваат од „Макпетрол“.

Останати натпреварувања на кои што Дарио Ивановски ќе учествува се: Сениорски куп на Македонија, Европски игри под капата на МОК, Балканско првенство за сениори, Европски куп на 10.000 метрим, Европско првенство во крос, Скопскиот маратон, како и други домашни атлетски настани. Ивановски од годинава е активен член на АК „Корранерс“.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии