24 Јуни, 2024
0.0318

Дарко Каевски е нов портпарол на СДСМ

Објавено во: Македонија 03 Март, 2022

Добивај вести на Viber

Владата внимателно го следи состојбите дома и надвор и навреме презема соодветни мерки за да се зачува стандардот на граѓание и економијата. Земјата има задоволителна количина прехранбени производи, нафтени деривати во стоковните резерви. Со преземените мерки на Владата, не се очекува ценовен шок на основните прехранбени производи. Граѓаните треба да бидат спокојни, како членка на НАТО нашата безбедност е гарантирана, информираше премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски на  синоќешната седница на Извршниот одбор на партијата.

Прес-центарот на СДСМ соопшти дека на дневен ред на седницата била актуелната состојба во земјава по воената агресија врз Украина. Се разговарало за мерките за заштита на стандардот на граѓаните и економијата, за спречување ценовен шок и справување со последиците од глобалната енергетска криза.

Заклучено е дека во моментов нема потреба да се стават во функција стоковните резерви, институциите продолжуват со снабдување на државните резерви, а се разгледуваат и евентуалните потреби за дополнително зајакнување на динамиката на резерви.

– Централната банка изминатиот период информираше дека девизниот курс на денарот е стабилен, а стабилна е состојбата и со девизните резерви. Следејќи ја ситуацијата, Владата предводена од СДСМ веќе подготвува нови пакети за помош на граѓаните и економијата, врз основа на анализи. Продолжува социјалниот дијалог, по покачувањето на миниминалната плата се работи на методологија за ново покачување на пензиите, како и за дополнителна помош на пензионерите во услови на криза, се наведува во партиското соопштение за синоќешната седница на ИО на СДСМ.

Согласно одлуката на членовите на Извршниот одбор, Дарко Каевски на седницата бил избран за портпарол на СДСМ откако Костадин Костадинов беше избран за градоначлник на Струмица.


Можеби ќе ве интересира

Таравари по втор пат ќе ја гради Клиниката во Штип: Ништо не е сменето од 2017

Таравари по втор пат ќе ја гради Клиниката во Штип: Ништо не е сменето од 2017

ЕКОНОМСКИТЕ ДИРЕКТОРИ ОДАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Прва работа како министер на Таравари ќе биде нивно разрешување

ЕКОНОМСКИТЕ ДИРЕКТОРИ ОДАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Прва работа како министер на Таравари ќе биде нивно разрешување

ОРЦЕ ЈА СРЕДИ КИСЕЛА ВОДА, ПА ЗАМИНА ВО ЈЕГУНОВЦЕ: „Веднаш организирав машини за испумпување на водата и тргнав кон Јегуновце“

ОРЦЕ ЈА СРЕДИ КИСЕЛА ВОДА, ПА ЗАМИНА ВО ЈЕГУНОВЦЕ: „Веднаш организирав машини за испумпување на водата и тргнав кон Јегуновце“

Претседателот на Уставен суд пријави закани кон колеги

Претседателот на Уставен суд пријави закани кон колеги

КОЈ Е ПРВИОТ ПОЛИЦАЕЦ КОЈ ЌЕ ГО ВОДИ МВР? Тошковски ја презема функцијата министер за внатрешни работи

КОЈ Е ПРВИОТ ПОЛИЦАЕЦ КОЈ ЌЕ ГО ВОДИ МВР? Тошковски ја презема функцијата министер за внатрешни работи

ПОСТОИ ОПАСНОСТ ОД НОВО НЕВРЕМЕ? Еве што велат синоптичарите

ПОСТОИ ОПАСНОСТ ОД НОВО НЕВРЕМЕ? Еве што велат синоптичарите

Нелоски и Јанушев го пречекале Мицкоски пред Владата

Нелоски и Јанушев го пречекале Мицкоски пред Владата

НОВАТА МИНИСТЕРКА ЗА ЕНЕРГЕТИКА И РУДАРСТВО, ОСВЕН МАКЕДОНСКО ИМА И ЧЕШКО ДРЖАВЈАНСТВО: Еве која е Сања Божиновска

НОВАТА МИНИСТЕРКА ЗА ЕНЕРГЕТИКА И РУДАРСТВО, ОСВЕН МАКЕДОНСКО ИМА И ЧЕШКО ДРЖАВЈАНСТВО: Еве која е Сања Божиновска

ДАЛИ ИМАЛО ПРОПУСТИ ВО ЛЕКУВАЊЕТО НА БЕБЕТО ОД РЕСЕН КОЕ ПОЧИНА ПО САМО 30 ЧАСА ОД РАЃАЊЕТО? ДСЗИ иницира формирање комисија која ќе треба да ги најде пропустите

ДАЛИ ИМАЛО ПРОПУСТИ ВО ЛЕКУВАЊЕТО НА БЕБЕТО ОД РЕСЕН КОЕ ПОЧИНА ПО САМО 30 ЧАСА ОД РАЃАЊЕТО? ДСЗИ иницира формирање комисија која ќе треба да ги најде пропустите