Давутоглу: И папата е во фронтот на злото
Објавено во: Балкан 15 Април, 2015 19:47
„Се соочуваме со фронт на злото, отворен против нас. Сега му се придружи и папата“.
Со овие зборови вчера турскиот премиер Ахмет Давутоглу го критикуваше папата Фрањо, кој во неделата ги нарече масакрите на Ерменците во Отоманската империја во 1915 година како „геноцид“.
Острите зборови на Давутоглу произнесени пред поддржувачите на владејачката Партија на правдата и развојот на отворањето на предизборната кампања за парламентарните избори, кој е на 7 јуни.
„Нема да дозволиме нашата историја да биде навредувана“, категоричен беше премиерот, кој ја утврди позицијата на Фрањо како неправедна. Турција секогаш ги отфрлала обвинувањата за геноцид против Ерменците. Според историјата во масакрите загинале 1,5 милиони луѓе, но според Анкара жртвите Ерменци се три пати помалку и се паднати во битки.
Во вторникот претседателот Реџеп Ердоган исто така замавна со прст на поглаварот на Римокатоличката црква, со што ја нарече изјавата глупост и го предупреди да не ја прави повторно истата грешка. Вчера шефот на државата беше категоричен дека Турција ќе ја игнорира резолуцијата на Европарламентот, која се очекуваше да биде изгласана синоќа.
Со документот Анкара официјално се повикува да признае дека масакрите на Ерменците биле геноцид.
„Слична изјава влегува во едното уво и излегува низ другото, невозможно е Турција да прифати сличен грев или злосторство“, изјави Ердоган пред новинарите, пред да отпатува за Казахстан.
Од своја страна САД ги повикаа страните да се добие целосна потврда за суштината на масовната несреќата на Ерменците пред да се употребува зборот геноцид.
Можеби ќе ве интересира
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството




