07 Октомври, 2024
0.0335

ДДВ за станови останува исто

Објавено во: Економија 15 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

Како што минуваат годините така се менува и состојбата во областа на становите. Се поголем е  бројот на нови изградени станови, а се подобрува и нивната опременост и инфраструктура. Градежниците побараа да се пролонгира примената на повластената стапка кај станбените згради и станови, со што таа останува непроменета во следните три години. Од Стопанската комора на Македонија велат дека ова би требало позитивно да се одрази врз градежниот сектор и врз вкупната економија и оваа Законската одредба ќе важи од 31 декември 2018 година. Податоците на овој сектор покажуваат дека доколку ќе се врати повисоката стапка, становите ќе поскапат. Во последните десетина години, годишно се завршуваат по околу 5.000 станови, а по 2011 година веќе овој број се движи од 5.500 до 6.500 станови годишно. Анализирани се и податоците за незавршените станови во тековните години, при што може да се констатира дека тој број почнува да бележи намалување и тоа за 15% споредено 2010 година со 2013 година. Податоците на државниот завод за статистика покажуваат дека лани деловните субјекти  извршиле градежни работи во вредност од 24 909 016 илјади денари, од кои 8 672 866 илјади денари припаѓаат на објекти во индивидуална сопственост. Во 2014 се изградени вкупно  1 734 објекти, а завршени се вкупно 1 772 станови со вкупна површина од 122 332 м2, од коишто 1 446 се во индивидуална сопственост. Податоците уште покажуваат дека после Скопје, најмногу завршени единици има во Струмица и Охрид, а во поглед на  завршени домови градени во индивидуална режија, најмногу се градело во Гостивар втора на листата е скопската општина Центар, а после неа следи Илинден. Просечната корисна површина на завршените станови е 99,3 метри квадратни.

Можеби ќе ве интересира

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип