Дебар ја доби првата рибарница
Објавено во: Мои пари 29 Декември, 2012 18:31
Во Дебар првпат се отвори продавница за свежа риба. Сопственик е новиот концесионер на Дебарското Езеро, ЗЗ „Охридска пастрмка“ од Струга.
- Освен економските ефекти од стопанисувањето со езерото, неопходно беше на дебрани да им нудиме свежа риба од нивното езеро што досега недостасуваше. Секојденвно рибарницата ја снабдуваме со автохтона пастрмка, крап, клен, мренка, па дури и јагула, вели новиот газда на езерото Пепи Винца.
Освен економскиот риболов, согласно договорт за концесија со Министертвото за земјоделство, шумарство и водостопанство, преземени се и други активности околу заштитата и збогатувањето на рибниот фонд на езерото.
Во првата фаза, како што истакна Винца, езерото е порибено со 250 килограми подмладок на автохтона пастрмка, а набрзо ќе биде порибено и со подмладок на јагула и крап.
Порибувањето секоја година ќе биде според планот. Концесијата стружани ја имаат за наредните пет години. Во рамки на досега преземените активности и воспоставувањето рибочуварска служба, елиминирано е рибократството.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј
Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора
Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност
Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје
НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker
Празничен A1 Net Sеf подарок од А1 Македонија за сите корисници





