ДЕБАР: Ќе се прави анализа на имунитетот на граѓаните
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 14 Април, 2020
Со помош на матичните лекари, во Дебар и во околината на градот, ќе се прави анализа на имунитетот на граѓаните.
Ќе се направи скриниг на дваесет отсто од населението.
Вчера Владата донесе одлука да не ја продолжи кризната состојба.
На 13 март беше воведена кризна состојба во Дебар и Центар Жупа.
Денеска премиерот Оливер Спасовски го посети Дебар и се сретна со градоначалникот Хекуран Дука.
Тој рече дека Дебар го помина најлошото, но дека граѓаните не треба да се опуштаат.
фото Википедија
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.