20 Мај, 2024
0.0342

Дебар утре без струја заради сервисирање на трансформаторот, граѓаните да соработуваат со институциите

Објавено во: Мои пари 05 Април, 2019

Добивај вести на Viber

АД ЕЛЕМ ја известува јавноста и жителите на Дебар дека заради сервисирање на трансформаторот преку кој Дебар се снабдува со електрична енергија, утре, 6.4.2019г, ќе има прекин во снабдувањето со електрична енергија на Дебар од 10 до 18 часот.

Станува збор за редовно сервисирање на регулациона склопка од регулациониот 110/35киловолтен трансформатор кој се наоѓа во хидроелектраната Шпилје, која постапка почна минатата недела и за која е потребно подолго време поради настанат дефект на дел од опремата.

Сервисирањето го врши овластениот сервисер ,,Кончар ИНГ” од Хрватска, кои во најкус рок обезбедија резервен дел, и истиот ќе го заменат во трансформаторот во текот на утрешниот ден.

Нагласуваме дека сервисирањето е од најголемо можно значење, со оглед на тоа што без регулациона склопка постои ризик од избивање на мрежата, настанување на целосно оштетување на електичните апарати на корисниците, долготрајно останување без електрична енергија на Дебар и сериозни можни последици за целиот електроенергетски систем на земјата со загрозување на неговата стабилност.

Од тие причини, зафатот во текот на утрешниот ден, сабота 6.4.2019г. е неопходен и граѓаните се замолуваат за трпеливост и соработка со институциите заради своја лична сигурност и сигурност на нивниот имот.

Можеби ќе ве интересира

Петнаесет млади поети ќе читаат на третата „Отскочна даска“

Петнаесет млади поети ќе читаат на третата „Отскочна даска“

Иновативниот дигитален потсетник Hint by Teva ја трансформира наплатата на фактури кај голем број компании во Македонија

Иновативниот дигитален потсетник Hint by Teva ја трансформира наплатата на фактури кај голем број компании во Македонија

НОВА ПРОМОЦИЈА НА 2win.мк : БОНУС ДОБИВКИ ЗА ЏЕКПОТ МАНИЈА

НОВА ПРОМОЦИЈА НА 2win.мк : БОНУС ДОБИВКИ ЗА ЏЕКПОТ МАНИЈА

Една година по вградувањето вештачки колк, 30-годишната Менче е подготвена да трча маратон

Една година по вградувањето вештачки колк, 30-годишната Менче е подготвена да трча маратон

Започнува караванот за финансиско советување на НЛБ Банка

Започнува караванот за финансиско советување на НЛБ Банка

Рекорден број домашни и странски натпреварувачи и два урнати рекорди го одбележаа 12. издание на настанот „Sparkasse Life Прв до врв“

Рекорден број домашни и странски натпреварувачи и два урнати рекорди го одбележаа 12. издание на настанот „Sparkasse Life Прв до врв“

Револуционерните филери на Синклер достапни во Клиника Жан Митрев

Револуционерните филери на Синклер достапни во Клиника Жан Митрев

„Вози право, вози здраво“ осми пат низ скопските улици, регистрацијата веќе е отворена

„Вози право, вози здраво“ осми пат низ скопските улици, регистрацијата веќе е отворена

Women in Business – уникатен бизнис пакет од ПроКредит Банка и ЕБОР за поддршка на жени претприемачи

Women in Business – уникатен бизнис пакет од ПроКредит Банка и ЕБОР за поддршка на жени претприемачи