22 Ноември, 2024
0.0290

Рекорден број домашни и странски натпреварувачи и два урнати рекорди го одбележаа 12. издание на настанот „Sparkasse Life Прв до врв“

Објавено во: Мои пари 20 Мај, 2024

Добивај вести на Viber

Вчера на Водно се одржа најмасовна планинска трка во земјата и во регионот, „Sparkasse LIFE Прв до врв“. Рекорден број велосипедисти, планинари и рекреативци, како и професионални спортисти, со планинарење, трчање и возење велосипед ја искачуваа планината и се натпреваруваа за освојување на врвот.

Дванаесеттото издание на настанот, веќе втора година под покровителство на главниот спонзор Шпаркасе Банка АД Скопје – „Sparkasse LIFE Прв до врв“, покрај официјалниот натпреварувачки дел, понуди незаборавна забавна содржина за сите присутни на настанот.

Трките имаа две стартни позиции – од пред Музеј на Град Скопје и од ОУ „Кочо Рацин“, а интересот за учество беше огромен. На манифестацијата се натпреваруваа околу 4.000учесници, што е рекордна бројка досега.  Ова се најуспешните освојувачи на врвот:

Во трката друмски велосипедизам во категорија мажи прв до врв оваа година беше Делчо Донев, додека во категорија жени прва беше Елена Петрова.

Во трката планинско трчање во категорија мажи прв до врв оваа година беше Мориц Ауф дер Хајде од Германија, додека во категорија жени прва беше Магдалена Височка од Полска.

Во трката планински велосипедизам во категорија мажи прв до врв годинава беше Кирил Марковски, додека во категорија жени прва беше Андријана Анастасоска.

Во трката со електрични велосипеди најбрзи беа Дарко Несторовски и Моника Стефанова.

Во тим-билдинг трката за компании годинава прв до врв стигна тимот на „ИПА – Скопје“, втори беа ЕВН, а трети „Аксапта мастерс“.

На ова издание на настанот беа урнати два рекорда. Елена Петрова во друмски велосипедизам за жени и Мориц Ауф дер Хајде во планинско трчање за мажи поставија нови најдобри времиња во искачувањето до врвот на Водно. Тие двајца ќе го поделат наградниот фонд од 1.000 евра што го обезбеди Шпаркасе Банка.

Дополнително, со преземање на стартното бројче, пријавените имаа можност да учествуваат во наградната лотарија организирана од Шпаркасе Банка АД Скопје, на која беше извлечен еден среќен добитник на ваучер во износ од 300 евра за набавка на спортска опрема.

И годинава, голем број од вработените во Шпаркасе Банка АД Скопје беа дел од трките и на тој начин ја демонстрираа својата поддршка на здравиот начин на живот преку физичка активност, а присутните ги поздравиИвана Петревска, директор на дирекција за маркетинг и комуникации во Шпаркасе Банка.

Петревска им се заблагодари на сите учесници и им честиташе на победниците, изразувајќи го своето задоволство од успешното реализирање на „Sparkasse LIFE Прв до врв“ како резултат на заложбите на Банката за промоција на спортот и создавање здрави навики кај луѓето, од најмлади до највозрасни.

„Преку платформата ‘Sparkasse Life’, Шпаркасе Банка постојано поддржува иновативни проекти, поединци и групи. Во нашата банка сме посветени на поддршка на настани што промовираат спорт, здрав начин на живот и чиста животна средина. Веруваме во моќта на спортот да ги зближи заедниците, веруваме во придобивките од здравиот начин на живот како и важноста од зачувување на животната средина за идните генерации. Преку нашето спонзорство и партнерства, имаме за цел да ги охрабриме и да ги инспирираме поединците да водат активен и здрав живот, и дека заедно можеме да направиме позитивно влијание врз нашата заедница, за подобра иднина на сите.“

„Им честитам на сите учесници што направија уште едно величествено и најдобро досега издание на ‘Прв до врв’. Масовноста, рекордите, учесниците од странство, добрата енергија и задоволството што можеа да се видат на целта, ни даваат силен поттик за организирањето на следното издание. Водно, Скопје и Македонија заслужено го имаат најмасовниот планински настан во регионот“, изјавиАлександар Георгиевски, претседател на Здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“.

Следното издание на манифестацијата е закажано за 18 мај 2025 година.

ПР објава

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Black Friday во „Литература.мк“ со сериозно големи попусти до 90%

Black Friday во „Литература.мк“ со сериозно големи попусти до 90%

Samsung го лансира новиот Galaxy A06: Проширување на границите кај паметните телефони од средна класа

Samsung го лансира новиот Galaxy A06: Проширување на границите кај паметните телефони од средна класа

Иновативните политики покренуваат значајни промени: Одржана конференција „„ReThink: Учиме од Шведска“

Иновативните политики покренуваат значајни промени: Одржана конференција „„ReThink: Учиме од Шведска“

Откријте ја магијата на црниот петок со Hisense - трае до крај на ноември!

Откријте ја магијата на црниот петок со Hisense - трае до крај на ноември!

Софистицираниот стил на ASPESI ексклузивно во 52 Concept Store, Рамстор мол

Софистицираниот стил на ASPESI ексклузивно во 52 Concept Store, Рамстор мол

Азески во посета на металуршките компании во комплексот Железара

Азески во посета на металуршките компании во комплексот Железара

НАПРАВИ ГО ВИСТИНСКИОТ ИЗБОР-ТРИБИНА ЗА ЕДУКАЦИЈА ОД ЗАВИСНОСТИ

НАПРАВИ ГО ВИСТИНСКИОТ ИЗБОР-ТРИБИНА ЗА ЕДУКАЦИЈА ОД ЗАВИСНОСТИ

АДИНГ ЗАСАДУВА ЗА ИДНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ

АДИНГ ЗАСАДУВА ЗА ИДНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ

Блага Панева: Со книгата „Колоквијалниот изговор во Скопје“ давам придонес во битката за македонскиот јазик

Блага Панева: Со книгата „Колоквијалниот изговор во Скопје“ давам придонес во битката за македонскиот јазик