ДЕЦАТА ИГРААТ, СРЦАТА ДОНИРААТ – ЗА ДНК
Објавено во: Мои пари 29 Мај, 2025 11:03
На 1 јуни 2025 година (недела), на отвореното игралиште т.н. Дупка, во рамки на Спортскиот центар „Марко Божиновски“ во Ново Лисиче, ќе се одржи финалниот турнир во мини-ракомет – Јуниор Куп, како дел од проектот „Ракомет за секое дете“.
На турнирот ќе учествуваат над 280 деца, момчиња и девојчиња на возраст од 6 до 12 години, организирани во 27 екипи. Предвидено е да се одиграат вкупно 27 натпревари, а како и секоја година, секое дете учесник ќе добие сертификат за практична обука по ракомет и учество на „Јуниор Куп“ турнирите.
Освен спортскиот аспект, каде младите ракометари ќе имаат можност да ги покажат своите спортски вештини, тимски дух и љубовта кон ракометот, овој турнир носи и силна хуманитарна порака. Средствата собрани за време на настанот ќе бидат наменети за поддршка на семејствата на настраданите членови на бендот ДНК, кои трагично го загубија животот или се тешко повредени во неодамнешниот настан во Кочани.
Покрај ракометните натпревари, посетителите ќе можат да се послужат со кафе, вода, чоколадно млеко, сендвичи, да набават маичка со логото „Со ❤️ за ДНК“ и да донираат. Сите средства ќе бидат распределени преку Фондацијата „Марко Божиновски“, онаму каде што се најпотребни – до семејствата на трагично настраданите.
Бендот ДНК беше синоним за музика, професионализам и хуманост, кој низ годините помагаше на бројни поединци и семејства во нужда. Сега е ред ние да бидеме тука за нив.
Придружете ни се на 1 јуни од 10 до 16 часот, во С.Ц. „Марко Божиновски“ – Ново Лисиче.
Ви благодариме на одвоениот простор во Вашиот медиум и можноста оваа информација да стигне до што поширок аудиториум, а со основна цел, да собереме што повеќе средства за луѓето на кои им е потребна помош во моментов.
ПР објава* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore
ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија
„Finance Talks by EOS“: Дигитализацијата ќе поткине развој на нови услуги базирани на потребите на корисниците
ШТЕФАН ПАВЛИЊЕК ВО „БИЗНИС-КЛУБ ПЛУС“: „НАШАТА ЦЕЛ Е ДА ГИ ЗАДРЖИМЕ КЛИЕНТИТЕ, А ВО ИСТО ВРЕМЕ ДА СОЗДАВАМЕ НОВИ ПРОИЗВОДИ“
Во сабота се отвора најголемиот шопинг - центар на југот – Гевгелија Мол
КАСКО осигурување - Целосна заштита пред зимската сезона
Еко иницијативата на Иуте “Растеме заедно” со ново поглавје Го шириме зеленото срце на градот
„Како новиот систем за управување со отпад ќе го подобри секојдневниот живот“




