ДЕФЕКТ ВО МРЕЖАТА: Скоро цела држава остана без струја на новогодишната ноќ
Објавено во: Свет 31 Декември, 2024
Цело Порторико остана без струја.
Порториканците останаа без електрична енергија на новогодишната ноќ, откако поради дефект на мрежата остана без струја скоро целиот остров. Без струја утрово по локално време останале околу 90 отсто од потрошувачите, објави порталот на компанијата за дистрибуција на енергија ЛУМА Енерџи.
„Веројатно ќе бидат потребни 24 до 48 часа за светлата да се вратат „ако дозволат условите“, се вели во соопштението на ЛУМА.
Прелиминарните наоди укажуваат на дефект во подземната линија. Гувернерот на Порторико, Педро Пјерлуиси изјави дека неговата администрација „бара одговори и решенија“ од енергетските компании. Тој додаде дека „треба да го забрзаат реактивирањето на производните единици… и да ги информираат луѓето за мерките што ги преземаат за да ја вратат услугата на целиот остров“. Порторико долго време се бори со хроничен недостиг на електрична енергија додека неговата инфраструктура се распаѓа.