СИРИЈЦИТЕ БЕГАЛЦИ СЕ ВРАЌААТ ДОМА ПО ПАДОТ НА АСАД: Стотици илјади влегле во земјата од 8 декември до сега
Објавено во: Свет 03 Јануари, 2025
Повеќе од 115.000 Сиријци се вратиле дома по падот на режимот на Асад, објави вчера Агенцијата на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР). Како што наведуваат, од 8 декември досега се вратиле во земјата најмногу од Турција, Јордан и Либан. Податоците се собрани од јавни изјави на земјите домаќини, интеракциите со имиграциските служби во Сирија и граничниот мониторинг спроведен од агенцијата и нејзините партнери.
Башар ал Асад, лидерот на Сирија речиси 25 години, побегна во Русија откако антирежимските групи го зазедоа главниот град Дамаск на 8 декември, ставајќи крај на владеењето на партијата Баас, која беше на власт од 1963 година.
Промената дојде откако борците на Хајат Тахрир ал-Шам брзо ги освоија клучните градови во офанзивата што траеше помалку од две недели.
фото: EPA