СЕ СОБИРААТ ПАРИ ЗА ТЕЛОТО НА ПОЧИНАТИОТ ВИКТОР ДА СЕ ВРАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Починал на 23 декември, потребни се осум илјади евра
Објавено во: Македонија 02 Јануари, 2025
На социјалните мрежи се споделува апел за собирање финансиски средства за телото на починатиот Виктор Васиљевиќ да се врати во Македонија.
Според апелот, Виктор починал на 23 декември во Шпанија, а на семејството му е потребна парична помош да го донесат телото во земјава.
„Потребна ни е финансиска помош за транспорт на телото, до 26.12 пресметката е 8 илјади евра“, се вели во апелот објавен на социјалните мрежи.