28 Јануари, 2023
0.0544

ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА ПОНИСКИ ЦЕНИ НА РОАМИНГОТ ВО 2023 МЕЃУ ЕУ И ЗАПАДЕН БАЛКАН - што друго ќе донесе Самитот во Тирана

Објавено во: Македонија 06 Декември, 2022

Добивај вести на Viber

Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со лидерите од Западен Балкан, денеска ќе учествува и ќе говори на Самитот за Западен Балкан-Европска Унија во Тирана, Албанија, посветен на справување со последиците од руската инвазија врз Украина, зајакнување на безбедноста и градење отпорност кон странското мешање, одговор на предизвиците од миграцијата, борбата против тероризмот и организираниот криминал.

Ова е прв самит меѓу Унијата и Западен Балкан што се одржува во земја која не е членка на Унијата.

Учесниците на Самитот ќе ги пречека премиерот на Албанија Еди Рама, а најавено е присуство на високите европски претставници, претседателот на Советот на ЕУ Шарл Мишел и претседателката на Европската комисија Урсула Фон Дер Лаjен, како и премиерите на Белгија, Луксембург и други европски земји.

На Самитот е предвидено земјите од Западен Балкан со ЕУ да потпишат декларација за зајакнување на соработката во повеќе сегменти со што се обезбедува подобри услови и бенефиции за граѓаните од земјите од Западен Балкан.

Премиерот Ковачевски на Самитот во Тирана ќе учествува и на две панел дискусии на кои фокусот ќе биде европската перспектива на земјите од Западен Балкан, обезбедувањето на демократија, мир и слобода, како и тесната соработка помеѓу земјите во заедничкото справување со предизвиците наметнати од економската и енергетската криза.

Во состав на владината делегација предводена од премиерот Ковачевски во Тирана се и вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Вчера албанскиот премиер Еди Рама изјави дека самитот Западен Балкан – Европска Унија во Тирана го покажува зголемениот геостратешки интерес на ЕУ за тој регион за време на војната меѓу Русија и Украина. 

Според Рама, војната во Украина потсетува на ранливоста на регионот и ѝ даде поттик на ЕУ да ги внесе нациите од Западен Балкан во ЕУ. Додава дека блокот треба особено да работи „тесно со Србија“, која не се приклучи на воените санкции на ЕУ за Русија за време на војната. 

Во рамки на Самитот, телекомуникациските оператори од земјите од ЕУ и Западен Балкан ќе потпишат Декларација со која ќе се овозможи намалување на цените за роаминг меѓу ЕУ и регионот во 2023 година.

Како што најави Советот за регионална соработка (СРС), ова ќе придонесе за намалување на оперативните трошоци на бизнисмените, ќе го поттикне бизнисот надвор од матичните граници и ќе даде дополнителен поттик на туризмот во регионот на Западен Балкан.

Откако стапи во сила регионалниот договор за намалување на цените на роаминг, со кој беше укинат роамингот во Западен Балкан од јули 2021 година, СРС тесно соработува со Европската комисија, операторите од Европската унија и од Западен Балкан, како и со властите од регионот да ги намалат цените на роаминг меѓу ЕУ и регионот, се наведува во соопштението.

СРС потсетува и дека лидерите од Западен Балкан потпишаа три важни договори на почетокот на ноември како дел од Акцискиот план за заедничкиот регионален пазар на Берлинскиот процес – за слобода на движење со лична карта, за признавање на високообразовните квалификации и за признавање на стручни квалификации за доктори по медицина, стоматолози и архитекти. 

Можеби ќе ве интересира

ЦСКА Софија не го прифати барањето на навивачите, со Македонија ЃП ќе игра пријателска средба

ЦСКА Софија не го прифати барањето на навивачите, со Македонија ЃП ќе игра пријателска средба

Пендаровски го собра дипломатскиот кор: Уставните промени наскоро на домашна агенда

Пендаровски го собра дипломатскиот кор: Уставните промени наскоро на домашна агенда

Левица: Бугарски клуб во Куманово со име на заговарач на големобугарска идеја

Левица: Бугарски клуб во Куманово со име на заговарач на големобугарска идеја

Тетовчанец паднал од 8 кат и се бори за живот

Тетовчанец паднал од 8 кат и се бори за живот

Се бара притвор за малолетникот кој усмрти пензионер со голф во Бутел, полицијата го претстави како полнолетен

Се бара притвор за малолетникот кој усмрти пензионер со голф во Бутел, полицијата го претстави како полнолетен

Граѓанинот пријавил во полиција дека некој друг подигнал брз кредит на негово име

Граѓанинот пријавил во полиција дека некој друг подигнал брз кредит на негово име

Градинка во Прилеп чека 15 месеци да биде ставена во употреба

Градинка во Прилеп чека 15 месеци да биде ставена во употреба

Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука: Цел ден ќе се чува гробот на Гоце Делчев

Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука: Цел ден ќе се чува гробот на Гоце Делчев

ИНA: „Македонија пат“ го отстрани албанскиот јазик од униформите

ИНA: „Македонија пат“ го отстрани албанскиот јазик од униформите