Декласифицирани илјадници документи на ЦИА за Македонија и екс Југославија
Објавено во: Македонија 22 Јануари, 2017
По барање на „MuckRock“, невладината организација за пристап до информации која ја тужеше Централната разузнавачка агенција на САД, од ЦИА дозволија пристап до сите декласифицирани документи кои сега може да се пребаруваат и преку интернет, Меѓу нив може да се најдат и илјадници извештаи, истражувања, белешки и анализи за екс Југославија и секако за Македонија, собрани од разузнавачките служби, што секако ќе биде главен извор за нови теории на заговор или подгревање на старите со наводни докази.
Над 800.000 документи кои се претставени на 12 милиони страници се декласифицирани уште од 90-тите години, но пристапот до нив бил овозможен само од четири компјутери во Националниот архив во Мериленд.
Документите може да се видат на веб сајтот на ЦИА.