18 Декември, 2025
0.0487

ДЕКРИМИНАЛИЗАЦИЈА НА МАРИХУАНАТА: Да или Не?

Објавено во: Македонија 22 Април, 2018 09:12

Добивај вести на Viber

Владата е отворена за дебата околу легализацијата на марихуаната. Ова е одговор кој е упатен на прашањето на еМагазин кој е ставот на надлежните по ова прашање.

„Владата на Република Македонија, следејќи го принципот на слобода на говор и отворена дебата секогаш ќе ја охрабрува јавноста и граѓанските организации да отворат дебати за сите прашања кои се од интерес на граѓаните на земјава и очекува за истите да се разговара без предрасуди, базирано на факти, како и врз основа на јасни индикатори. Владата на РМ секогаш ќе ги носи своите одлуки врз база на презентирани аргументи и ќе се води од приоритетите и интересите на граѓаните“, велат од Владата. 

Според законот во Македонија поседување и на една цигара со марихуана за лична употреба е кривично дело, а токму за „Декриминализација СЕГА“ се залага Здружението „Билка“.

 „Декриминализација СЕГА“ е уште еден обид да се актуелизира нужноста за нови законски решенија, како и многуте потенцијали кои ги нуди ова растение во поглед на негово одгледување, државен прилив на средства, намалување на стапка на криминал и медицински бенефити

„Декриминализација на канабис за лична употреба подразбира состојба на неказнивост на уживателот на канабис, доколку секако не се работи за продажба. Тоа значи дека поседот или консумацијата особено на јавно место повторно се нелегални, но или не се санкционирани со казна затвор, или се на ранг на прекршок. Секако во различни земји е тоа различно регулирано. Во Холандија преку строга определба каде, кој и калку може да консумира канабис, во Португалија преку пристап на декриминализација до 15 грама за лична употреба со државно обезбеден тим за советување во услов на прекршок, во Каталонија преку клубови и сл“, кажа неодамна адвокатот Митровски за Радио МОФ.

Што мислите вие за ова прашање: Треба ли Македонија да ја декриминализира марихуаната?

Можеби ќе ве интересира

„ЗОШТО ВЛАСТА ВЕЗДЕН СЕ БАВИ СО ОПОЗИЦИЈАТА, КОЈА Е УТЕПАНА ОД ГОСПОД“? Калајџиев прашува дали имаат програма за нешто да сработат

„ЗОШТО ВЛАСТА ВЕЗДЕН СЕ БАВИ СО ОПОЗИЦИЈАТА, КОЈА Е УТЕПАНА ОД ГОСПОД“? Калајџиев прашува дали имаат програма за нешто да сработат

„Ова раководство ќе му прогласи стечај на СДСМ“ – порака од лидерот на ЗНАМ

„Ова раководство ќе му прогласи стечај на СДСМ“ – порака од лидерот на ЗНАМ

Полицајци ќе се „кројат“ уште од 15 години – Собранието го врати средното полициско училиште

Полицајци ќе се „кројат“ уште од 15 години – Собранието го врати средното полициско училиште

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција