17 Декември, 2025
0.0527

Дел од граѓаните уште немаат одговори на приговорите, од Финансии уверуваат - сите што заслужуваат, картичката ќе ја добијат до 18 јули

Објавено во: Економија 06 Јули, 2020 11:27

Добивај вести на Viber

Дел од граѓаните се жалат дека се уште немаат добиено одговори од Владата за домашната платежна картичка. 

„Уште веднаш кога не добив известување дека ќе ја добијам домашната платежна картичка, испратив приговор на мејлот што беше оставен за таа намена, со образложение дека ги исполнувам условите, бидејќи завршив четврта година средно образование. А како што точно е наведено од Влада, нас на средношколците ни следува домашна платежна картичка“, вели една средношколка. 

Од Министерството за финансии уверуваат дека сите граѓани на кои им следува картичката, односно ги исполнуваат условите, ќе ја добијат најдоцна до 18 јули. 

„Надлежните институции, како што е Министерството за образование и наука, како и Фондот за здравство, се уште ги проверуваат базите на податоци. Дал од институциите веќе одговорија, и за голем број граѓани на кои им се уважени приговорите, картичките веќе им се одобрени и испечатени“, велат од Министерството за финансии. 

Вкупниот број картички што треба да ги добијат граѓаните е 324.500 картички. 

Инаку, за домашните платежни картички беа испратени 50.000 мејлови, но од нив, како што велат од Финансии, близу половината, односно околу 20.000, биле прашања, за некои нејаснотии што ги имаат граѓаните околу картичките, а не конкретни приговори. На овие мејлови е веќе одговорено, велат од министерството.

За тоа колку приговори се веќе одговорени и колку картички се испечатени, денеска планира да објави министерката за финансии, Нина Ангеловска, откако ќе ги добие потребните статистики. 

А некои од граѓаните испратиле и мејлови на приговори, а не ги исполнуваат условите. 

„Имавме случаеви на пример, некој што е невреаботен а се пријавува во Агенцијата на шест месеци, што значи дека не е активен барател на работа, да реагира зошто не ја добил картичката, а со Уредба на Владата јасно е кажано дека картичките ги добиваат оние што се активни баратели на работа. Што значи дека тој граѓанин не исполнува услови да ја добие картичката“, објаснуваат од Финансии.

Или, имало реакции од вонредни студенти, кои исто така не ги исполнуваат условите за картичката од 3.000 денари. 

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас