Дел од несуденото земјиште на Субрата Рој отиде во раце на Компанијата „Агриа“
Објавено во: Агробизнис 13 Ноември, 2015 11:34
Компанијата „Агриа“ од Велес, доби под закуп дел од државното земјоделско земјиште во Џумајлија, во светиниколскиот регион, кое претходно му беше доделено па одземено на индискиот бизнисмен Субарата Рој. Од вкупната површина од 4.484 хектари, оваа компанија ќе стопанисува со 1.136 хектари. Останатите површини повторно ќе бидат дадени на оглас. Од министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство соопштија дека оваа компанија на електронската аукција имала доставено најповолна понуда со цена од 108.585 евра за годишна закупнина.
-По завршувањето на постапката оваа компанија ќе треба да потпише договор со кој меѓу другото се обврзува да инвестира и 2 милиони евра во рок од четери години, стои во соопштението од министерството за земјоделство.
Ова земјиште претходно му беше доделено на индискиот бизнисмен Субрата Рој. Откако во 2011 година најголемиот агрогомбинат Џумајлија банкротираше, земјиштето со површина од 5.000 хектари остана запуштено. Потоа во 2012-та година агрокомбинатот отиде под стечај, а веќе следната година Владата склучи договор со индискиот бизнисмен Субарата Рој кој ја најави најголемата инвестиција во македонското земјоделство вредна 211 милиони евра. Две години по најавата освен првата бразда изорана свечено во присуство на високи владини функционери, ни педа од земјиштето не се обработи, а не се донесоа ниту најавените 20.000 крави. Годинава ресорното министерство го раскина договорот со Субрата Рој и ја активиршае банкарската гаранција од 3 милиони евра. Огласот за закуп беше објавен пред три месеци за продажба на земјиштето во Џумајлија. Агроекспертите постојано укажуваа дека е погубно ова најплодно земјиште во Овчеполието да стои необработено. Досега пропаднаа четири реколти, што е штетно за домашното производство на жита но и на други култури, во услови кога земјава троши милионски суми за увоз на храна.
[button color="gray" size="medium" link="http://faktor.mk/2015/11/08/dhumajlija-avanturata-so-subrata-roj-chineshe-4-rekolti-ugled-i-nervi/" target="blank" ]/ ЏУМАЈЛИЈА: Авантурата со Субрата Рој чинеше 4 реколти, углед и нерви![/button]
Издадено под закуп и земјиштето во Ресен
Во овој Јавен оглас беше понудено земјоделско земјиште за површини од над 3 хектари. Во огласот беше понудено земјиште во четери региони, освен во Свети Николе, во Струга, Ресен и во Струмица. Од министерството за земјоделство велат дека според комисијата од вкупно 16 апликанти, само две компании имале комплетна и соодветна апликација. За географската целина 5 во реонот на Ресен за 21 хектар, имало еден поволен понудувач со комплетна документација, односно компанијата Ејпл Ленд, кој понудил закупнина од скоро 2.000 евра.
-За површините од другите 6 географски целини за кои немаше понудувачи со комплетна и соодветна документација заедно со нови дополнителни парцели, наскоро треба да биде распишан нов јавен оглас за околу 4.200 хектари, велат од ресорното министерството.
Според податоците од министертсвото годинава се објавиле 5 јавни огласи и два јавни повици на кои биле понудени околу 10.000 хектари, а во подготовка за објавување се нови огласи за 3.500 хектари.
Податоците од Државниот завод за статистика покажуваат дека во 2014-та година, во земјава имало 511.000 хектари обработлива површина во која спаѓаат ливади, овоштарници, бавчи, лозја, пасишта. Од овие 511.000 хектари, лани 134.000 хектари биле угари и необработени ораници. Слична е состојбата и претходните години. Анализирано од 2006 година, според податоци од официјалните Статистички годишници, вкупните обработливи површини бележат континуиран пад. Така пред 7 години имало 537.000 хектари обработлива површина, годините потоа е регистрирано намалување, во 2013-та година овие површини изнесувале 509.000 хектари, а лани е регистриран благ пораст и овие површини изнесувале 511.000 хекатри. Во 2007 година имало 138.000 хекатри необработливи површини, кои во 2014 година се намалиле на 134.000 хектари.
Т.С
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





