ДЕЛ ОД УЧЕНИЦИТЕ ДОБИЈА УЧЕБНИЦИ ПО МАКЕДОНСКИ, ДРУГИТЕ ОД ПОНЕДЕЛНИК - Да се запрашаш зошто?
Објавено во: Македонија 31 Мај, 2023 11:02
Дел од учениците од петто одделение на крајот на учебната година ги добија учебниците по Македонски јазик за учебната 2022/2023 година. Тие имаат уште 12 работни дена во училиште да учат од новите учебници, бидејќи ги добиле на 29 мај, откако цела учебна година ја поминаа без соодветни материјали.
- Ќерка ми е петто одделение во училиште во општина Центар. Денеска си дојде дома со учебник по Македонски јазик, книга која ја чекавме од 1 септември. Откако цела година им диктираа, им принтам материјали, печатевме и дома материјали, конечно, во период кога броиме денови до крај на школска година, учебниците стигнаа кај децата. Заминуваат на екскурзија пет дена, така што ќе имаат учебници последната недела од учебната година. Зошто воопшто за една недела трошеа пари да ги испечатат. Да се брои дека имало учебници?! Нека ги зачуваат за следната година - коментира мајка на ученик од петто одделение.
Дел од училиштата се уште ги немаат добиено учениците. Им било најавено дека до понеделник следната недела ќе бидат дистрибуирани во сите училишта. Се прашуваат дали воопшто треба да ги земат учениците учебниците или да ја истераат годината без книги до самиот крај.
Пред еден месец, по седум месеци и 20 дена по почетокот на учебната година првачињата ги добија учебниците по Општество. Учебник од 36 страници, на кој се потпишани пет автори им беше поделен на учениците на 20 април, откако најголем дел од содржината ја имаа обработено на часовите во текот на учебната година, со помош на материјали испринтани од наставниците.
На 18 ноември Министерството за образование и наука информираше дека во текот започнала испораката на новите учебници за прво, второ, четврто и петто одделение во основното образование, но учебнивите на училишните клупи пристигнаа непосредно пред крајот на учебната година.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




