16 Декември, 2025
0.4741

ДЕЛЧЕВО Е ОТСЕЧЕНО: Немаат автобуски превоз кон Скопје, за патување викаат такси

Објавено во: Македонија 01 Март, 2022 07:10

Добивај вести на Viber

Жителите на Делчево се отсечени, затоа што две години немаат автобуски превоз. Доколку имаат потреба да одат во соседните градови или во Скопје, мора да патуваат со такси, што за нив не е евтино. Ова многу им го отежнува секојдневието и бараат надлежните да им помогнат, и да најдат решение за проблемот.

Велат дека апелите и критиките по социјалните мрежи се залудни, и никој нема слух за проблемот. Делчевци потенцираат дека во градот има и доста пензионери, кои примаат мали пензии, и едноставно поради немање на автобуски линии не се во можност да отидат на лекар, затоа што такси превозот им е скап. Објаснуваат дека не секој жител има на располагање сопствено возило за да може да патува.

„Тоа што немаме автобуски превоз е многу голем проблем. Едно лице ако патува со такси во Скопје, за одење и враќање ќе треба да потроши 1.000 денари. Ова е цената за едно лице, што секако е многу. Откако почна пандемијата немаме превоз. Треба да имаме автобуси, барем три пати на ден кон Скопје, наутро, напладне и една линија навечер. Има многу стари луѓе на кои им треба превоз“, вели Јасмина од Делчево.

Жителите сметаат дека ова е уште еден проблем во низа, кој ги тера луѓето да вадат бугарски пасоши и да се иселуваат.  Слични проблеми има и во соседните општини. 

Од меѓуградската автобуска станица во Скопје велат дека кон Македонска Каменица дневно има еден автобус, а за Берово два, со тоа што во викендите има изменет возен ред. Но, на жителите на овие градови тоа не им менува многу и тие велат дека се отсечени.

„Ако некој од некаде дојде во Македонска Каменица, а кон Скопје автобус нема, верувајте дека ќе „заглави“ во градот, од причина што не ги познава дивите такси превозници и нема да се снајде. Барем две линии мора да има дневно кон Скопје“, објаснува жителка на Македонка Каменица.

Од Министерството за транспорт и врски велат дека тие само издаваат лиценци за компании кои вршат превоз на патници.

„Во однос на споменатите општини, доколку некоја компанија пројави интерес да сообраќа, може да достави барање до Министерството за транспорт и врски за одобрување на меѓуопштинска линија согласно критериумите во Законот за превоз во патниот сообраќај“, велат од Министерството за транспорт и врски.

И многу други градови ја делат истата судбина и од година во година имаат се поредуцирани сообраќајни врски кон главниот град.

Сања Атанасовска

foto Wikipedia

Можеби ќе ве интересира

СДСМ избра нови потпретседатели

СДСМ избра нови потпретседатели

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“