19 Декември, 2025
0.1051

Дели: Потребни се сигнали кои ќе ги уверат Србија, Македонија, Албанија, Црна Гора и БиХ дека имаат иднина во ЕУ

Објавено во: Македонија, Балкан 14 Март, 2017 12:03

Добивај вести на Viber

На кревката безбедност на Западен Балкан и се потребни силни сигнали од ЕУ, кои ќе ги уверат земјите од овој регион дека со право имаат место во иднината на Унијата, изјави вчера пратеникот на унгарската владејачката партија Фидес во Европскиот Парламент, Андор Дели. 

Тој додаде дека „на кревката стабилност на Западен Балкан и се потребни силни сигнали од ЕУ, кои ќе ги уверат Србија, Македонија, Албанија, Црна Гора и Босна и Херцеговина во нивното полноправно место во иднината на ЕУ“.

„Сите знаат дека постојат некои итни прашања: Брегзит, миграцијата, изборите во некои држави членки, но ние мораме сериозно да ги сфатиме и очекувањата на нашите партнери од Западен Балкан, инаку можеме да ги загубиме“ - истакна Дели. 

Во говорот во Стразбур, Дели потсети дека пратениците на ЕП на претходното пленарно заседание од претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер слушнале за пет сценарија за иднината на Европа, но забележа дека на овие планови им недостасува ставот на Комисијата за проширувањето на ЕУ.

Пратеникот рече дека 27 лидери на 27 држави членки ќе ја одбележат 60-годишнината од потпишувањето на европската основачка спогодба, и праша која порака Рим ќе ја испрати до земјите кандидати. 

Дели, исто така, предупреди дека миграцијата и натаму е многу присутна и дека вкупната безбедност на Европа едноставно не може да поднесе дополнителна нестабилност во своето соседство, стои во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица