Дело: ЕУ да го насочи вниманието кон БиХ, Србија, Македонија и Црна Гора поради руското влијание
Објавено во: Македонија, Балкан 31 Декември, 2016 08:59
Европската унија(ЕУ) би требало да биде поотворена кон нестабилните држави на Балканот со цел тие да не паднат под уште поголемо влијание на Русија, пишува во денешното издание на љубљанскиот весник „Дело“.
„Дело“ наведува дека на „Западен Балкан треба да се посвети поголемо внимание ако не се сака и тој да падне под уште поголемо руско влијание“, дополнувајќи дека вниманието мора да се насочи кон БиХ и српскиот ентитет во таа држава, како и кон Македонија, Србија и Црна Гора, каде, како што оценува весникот, руското влијание веќе е присутно.
Весникот тврди дека Русија на Балканот има свои интереси и го „зголемува своето влијание на балканските народи, што не значи дека автоматски тоа претставува закана за САД и европските држави“.
Се наведува дека е неопходна поконкретна европска перспектива за државите во регионот, кои не се дел од ЕУ.
„Изјавата на претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер дека во следните пет години нема да има проширување на ЕУ се одрази на повторно будење на воената реторика од 90-те години, како и во опаѓање на интересот за влез во ЕУ, како кај политичката елита, така и кај обичните граѓани“- пишува словенечкиот весник, кој се повикува на домашни аналитичари.
Се спомнува дека новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп нема да посветува онолку внимание на Балканот колку што тоа ќе го правеше Хилари Клинтон доколку победеше, но дека НАТО веројатно и натаму ќе биде подготвен да интервенира „ако е потребно да се спречат меѓуетнички судири“.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




