05 Декември, 2025
0.1219

Демант од ФЕНИ: Нема никаква тужба од Урбан Инвест

Објавено во: Економија, Мои пари 14 Мај, 2013 14:11

Добивај вести на Viber

ФЕНИ Индустри до овој момент воопшто нема добиено никаква тужба од Урбан Инвест преку Основниот Суд во Велес, а се разбира неможе да изгуби на суд случај кој не постои. Не сме изненадени што одвреме навреме индивидуалци а, еве и помали компании, со дезинформации се обидуваат да извршат притисок врз ФЕНИ за остварување на лични бизнис интереси и задни намери, иако секако не успеваат во тоа. Интересно е што Урбан Инвест е во соседството на ФЕНИ веќе со години наназад и сé додека Урбан Инвест му продаваше варовник на ФЕНИ, немаше никакви поплаки. Откако пред неколку месеци Урбан Инвест си го продаде каменоломот, одеднаш ФЕНИ почна да им пречи и загадува. Впрочем нивната наводна тужба е неоснована колку што е неосновано да се тужи целото население во Кавадарци зашто постојано наносуваат земја на патиштата со своите трактори, од лозјата што ги одгледуваат. Она што изненадува во целата оваа фабрикувана приказна е што оние медиуми што ја пренесоа оваа шпекулација, истото го сторија крајно непрофесионално, односно ниту ја проверија вистинитоста на истата (намерно или ненамерно), ниту се обидоа да стапат во контакт со ФЕНИ, за да добијат став од другата страна, што е всушност основно начело на професионалното известување. Вистината е само една, а тоа е дека ФЕНИ е една од најдобрите компании во Македонија, во секој поглед, вклучително и кога станува збор за грижа за животната средина. ФЕНИ ја доби првата А-Еколошка дозвола во државата, има ИСО сертификат 14001 за управување со животната средина, има инвестирано повеќе од 12 милиони евра во еколошки проекти, а има добиено и награди и признанија, токму за својата посветеност за заштита на животната средина. И секако како и досега така и во иднина ФЕНИ нема да подлегне на вакви нелегални притисоци а, ќе ги превземе сите законски мерки за заштита на својот углед.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...