Демократската Фракција на ВМРО - ДПМНЕ му даде eдиница на Мицкоски
Објавено во: Македонија 12 Април, 2018 19:05
Од Демократската Фракција на ВМРО ДПМНЕ, даваат единица по математика и единица по политика или севкупна оценка: една голема единица за Христијан Мицкоски и пратниците.
„Господине Мицковски, онака како што со метеорска брзина Ве донесоа на претседателската позиција на партијата, исто така со брзина на светлоста успеавте да го докажете, она што на никој досега не му успеа. Успеавте математички да докажете, како 1 + 1 = 0, па дури и помалку од 0. Односно за само неколку месеци како резултат на недоследната партиска политика која ја водевте, успеавте да регресирате математички, во негативна насока. Направивте 51 = 41, односно 41 = 40, а синоќа и како 40 = на една голема О. Успеавте со математичка прецизност да го доизиритирате целото партиско членство и јавноста. Велиме водење на недоследна партиска политика која е распната помеѓу реалноста и фикцијата, безидејноста и импровизацијата, помеѓу немањето капацитет и храброст да се биде самостоен наспроти внатрешниот и надворешниот притисок, односно дневна политика распната помеѓу вистината и лагата, која стана неизоставен елемент на дневно политичкото опстојување. Капак на неснаоѓањето на политичката сцена и водење на непримерена купи-ден политика беше и непотребниот и избрзан потег со интерпелацијата. Се работи за ефтин политички театар, непотребен маневар за враќање во собраниските клупи на мала врата односно недоволно промислена дневно политичка авантура за реализација на нешто што и на малите деца им беше одамна јасно“ - велат од Демократската Фракција на ВМРО ДПМНЕ.
Прашуваат дали требало некој претходно да го поднаучи дека опозицијата не поднесува интерпелација за да ја зајакне позицијата на Владата и да и даде дополнителен легитимитет.
Интерпелација не се поднесува за да се залечи и санира изгубениот владин кредибилитет, а да се наруши сопствениот, додаваат од Фракцијата.
„Интерелација не се поднесува кога поднесувачот нема доволен број гласови, и кога однапред знае дека истата е осудена на неуспех и кога истата нема да биде поддржана од другите опозициони партии. Знаете ли што направивте? Едноставно, покажавте несериозност, несигурност и недоследност на пратеничката група. Му дадовте одврзани раце на премиерот Заев во наредните месеци да прави онака како што замислил, и како никогаш досега, му дадовте шанса и можност на сметка на дезориентирана опозиција вешто да се изрекламира и да го санира изгубениот рејтинг. Ете, тоа е Вашата заслуга и бенефит за владата на РМ и за партиите на власт, кои ќе ви бидат благодарани, уште долго време за овој ваш непромсилен гест и авантура. Наместо јавно и отворено да му кажете на членството и јавноста дека тајно преговарате за пакетот реформски закони и дека сте дале свој придонес во подобрување на нивната содржина како и согласност за нивно донесување, наместо што глумевте дека не го признавате собранискиот спикер (за кој со пола уста велевте дека е нелегитимно и насилно избран), а во меѓувреме ,,го тапкавте по рамења” и му се умилкувавте низ собраниските кулоари, Вие се обидовте да ја ставите партијата и членството во заложништво во заштита на неколумината веќе ,,однесени од виорот” и на оние на кои постојано им намигувате со едното око“ - додаваат од Фракцијата.
Велат дека Мицкоски требал јавно да се огради од искомпромитираните партиски личности и од досегашните водени криминални политики, да се извинат и да побараат граѓаните да им простат.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




